Достапни линкови

Минимален раст на цените, максимален ризик од сиромаштија


Илустрација. Препораки за заштита од коронавирус во маркет во Скопје

Во новата 2021 година сме влегле со "тивок" скок на цените на трошоците за живот. Тие не се загрижувачки за граѓаните кои велат дека се научиле да се справуваат со проблемите, но не се безначајани и за работниците со минимални примања, пензионерите и луѓето кои останаа без работа во пандемијата.

За луѓе кои изгубија работа во пандемијата или имаат намалени плати поради намалениот обем на работа како и за пензинерите и граѓаните кои имаат минимална плата ниедно поскапување не е незначајно. Тие луѓе ионака едвај составуваат крај со крај и не само што се соочуваат со благо поскапувње на храната туку и со повеќе други услуги, велат дел од економистите.

До нивниот коментар доаѓа по објавувањето на последните податоци на Државниот завод на статистика кои потврдија дека цените на мало за една година, во просек скокнале за 1, 6 проценти

Освен кај цените на мало поскапувања има и на кај индексот на трошоците на животот кој во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи зголемување од 1.9 %,

Некои од поскапувањата поминуваат незбележано зашто не станува збор за голем скок на цените, но потрошувачи за РСЕ коментираат дека по корекциите нагоре кај повеќе производи, станува очигледно дека животот стана поскап во пандемијата.

“За една ситница на пример за кафе ќе забележите дека едно пакување мало е поскапо за 10 денари и така во низа друга ситуации се забележува мало зголемување но кога ќе се соберат сите продукти има разлика на крајот на месецот. Пред пандемија цена на маска беше 2 денари потоа кога дојде пандемијата изнесуваше 20 денари, а сега не може да се најде маска под 35 денари” ни кажа една граѓанка на Скопје.

"Во однос на храната има мало зголемување од по 10 денари но зависи од продавница до продавница и производот исто така и за лекови има разлика во цени за ц витамин кој е актуелен во пандемија изнесуавше да 670 а сега а 700 денари. Има благо зголемување на цените и на зејтин и на ајвар но има разлика во цените кај продавниците" ни рече вработена во секторот туризам кој е еден од најпогодените во пандемијата.

Но за пензинерите кои имаат примања од 15 илајди денари ниедно поскапување не е безначајно, особено кога покрај поскапувања на храната има и зголемување на цените на лековите кои не се на товар на фондот, како и на суплементите.

"Три денари повеќе или помалку не значат, поскапувањата се неосетни, но кога ќе се соберат на купче тоа се поголема сума на пари. Повеќе се чувствува кај некои лекови, Гинговал на пример беше над 100 денари а сега е над 200 денари" ни изјави 70 годишниот пензионер Петар од Скопје.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %, маслото и маснотиите за 0.4 %, жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4.0 %, гасот за домаќинствата за 3.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.6 %, велосипедите за 1.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, патниот патнички транспорт за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0.6 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0.2 %.

Дел од граѓаните велат дека растот на животните трошоци за 1,9 проценти иако е благ можеби во реалниот живот се чувствува и како поголем, наведувајќи дека кај некои услуги има позначителни поскапувања а кај други пак има намалувања и на тој начин се доаѓа до средна вредноста на поскапувањата. Тие укажуваат и на скокот на цената на горивата кои пред пандемијата бележеа намалувања а потоа почнаа постојано да бележат раст.

Дали се логични и оправдани поскапувањата на производите во пандемија?

Профсорката Шенај Хаџимустафа од Факултетот на Југоисточна Европа нагласува дека константно се актуелни тивки поскапувања кои на прв поглед на изгледаат занемарливи, но таа укажуваа дека тие во суштина ги погодуваат голем број граѓани со оглед на тоа дека во време на пандемија нема раст кај платите, активноста на стопанствотоа е намалена, а поради рестриктивните мерки и ограничувањата има и зголемување на невработеноста

Професорката вели дека иако во новата 2021 сме влегле со поскапа потрошувачка коошничка, тешко е да се прогнозира во време на пандемија што не чека понатаму, но најмногу ја загрижуваат граѓаните кои на свој грб ги чувствуваат последиците од здравствената и економската ситуација предизвикана од корона вирусот.

"Многу е неблагодарно за понатаму да прогнозирaмe како ќе биде, но секое зголемување на цени кога не се зголемуваат плати и има невработеност, не оди во прилог на животен стандард, но не знаеме колку бргу ќе се опоравиме. Иако владата се обидува да помогне на стопанството, но мерките може да помогнат за ублажување, а зголемувањето на цените и намалената активност на стопанството не се во прилог на граѓаните" вели професорката Шенај Хаџимустафа.

На прашање на РСЕ колку се оправдани и логични поскапувањата во време на пандемија професорката вели дека скокот на цените е последица на зголемена побарувачка за одредени производи кои се потребни во пандемијата од една страна и на намалено производство од друга страна.

“Дел од цените поскапуваат како маски поради зголемената побарувачка тоа е прв иницијален шок од пандемијата, a значаен дел од компаниите пак не може да работат со полн капацитет како претходно И доаѓа до опаѓање на понудата и тоа влијае да се зголемат цените така што очекувано е она што го имаме како ефект Иако самото ниво на зголемување не е многу високо кај некои е поовисоко кај некои е исто а негде има намалување така што она што го добиваме како резултат е општото ниво"

Taa дополнува дека на поскапувањата влијаат и карантините и ограничувањата во повеќето земји кои се случуваa наведуавјќи дека " некои земји го намалија извозот на производи битни за нивната економија" и оти тоа се фактори кои влијаат истоа така на ударот врз џебот кој го чувствуваат македонските граѓани.

Инаку во однос на скокот на цените кај некои лекови како и на суплементите кои не се на Товар на фондот од Агенцијаат за лекови ни рекоа дека државата нема надлежност врз овие зголемувања. Директорот Лирим Шабанни кажа дека повеќето од лековите кои се на позитивната листа имаат однапред дефинирана цена и таа се менува на неколку години.

"Ако зборуваме за лекови и витамни тоа се опционални лекови или додатоци, тие можеби и претрпеле поскапување, но не можеме ништо зашто во слободен пазар не се мешаме во такви зголемувања", вели Шабани.

Како и да на почетокот од пандемијата имаше посочувања од граѓани за РСЕ дека потрошиле речиси една минимална плата или околу 15 илјади денари за лекување на последици од ковид-19 во домашни услови. Во првите денови по позитивниот тест тие примале само терапија со витамини за кои потрошиле околу 3000 денари.

Инаку со одлука на Владата при секој инспекциски надзор во аптеките се проверуваат цените на медициските средства кои се потребни во пандемија како маски. Од Агенцијата велат дека немаат забележано нагло зголемување на цените какво што имаше на почетокот од пандемијата кога имаше недостаток од маски но оти тоа се стабилизирало.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG