Достапни линкови

Вонреден состанок на НАТО за Ковид-19


На 15 април Северноатлантскиот Совет ќе одржи вонреден состанок на ниво на министри за одбрана, на кој тема за дискусија ќе биде одговор на Алијансата против проширувањето на вирусот Ковид-19, соопшти Алијансата. Како што се наведува на интернет страната на НАТО, состанокот ќе се одржи како телеконференција, а со него ќе претседава првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Во седиштето на НАТО нема да има присуство на новинари, како дел од превенција од проширување на коронавирусот, а претставниците на медиумите, заинтересирани за настанот, ќе може да поставуваат прашања преку интернет врска.

XS
SM
MD
LG