Достапни линкови

Вархеји: Одлуката за пристапни преговори со Скопје и Тирана ќе биде важен сигнал


Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска одржа видео-конференција со премиерите од Западен Балкан на која главна тема било ширењето на коронавирусот. На конференцијата, како што објави на „Твитер“, тој ја нагласил подготвеноста на ЕУ да го поддржи регионот во справувањето со епидемијата од коронавирус и нејзиното влијание особено од економски аспект.

Тој посочил дека ЕУ се обидува да изнајде начини како најефикасно да го вклучи Западен Балкан во активностите кои се преземаат за соочување со заразата.

Еврокомесарот во својот Твитер пост се осврнува и на евроинтеграцијата на Северна Македонија и на Албанија.

„Позитивна одлука за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија следната недела би билa важен сигнал за целиот регион во овие критични околности“, напиша еврокомесарот.

XS
SM
MD
LG