Достапни линкови

Руски научници велат дека вакцината за ковид-19 дава имунитет


Научник на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја работи на производство на нова вакцина против ковид-19 во Москва, 6 август 2020 година
Научник на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја работи на производство на нова вакцина против ковид-19 во Москва, 6 август 2020 година

Руски научници објавија резултати од раните тестови на нивната вакцина Спутник-V за коронавирусот, која беше одобрена од руската влада со многу помпа. Студијата во британското списание „Лансет“ наведува дека пациентите вклучени во раните тестови развиле антитела „без сериозни несакани дејства“.

Русија ја одобри вакцината за домашна употреба на 11 август, прва земја што го стори тоа и пред да бидат објавени какви било податоци.

Претседателот Владимир Путин за време на објавувањето рече дека вакцината обезбедува „одржлив имунитет“ и оти една од неговите ќерки веќе била вакцинирана.

Ова предизвика загриженост кај некои научници дека Русија брза да ја користи вакцината без податоци за нејзината безбедност.

САД нема да им се приклучат на глобалните напори за вакцина против ковид-19

Експертите рекоа дека првите испитувања биле премали за да се докаже безбедноста и ефективноста. Студијата исто така не користела плацебо или контролна вакцина.

Дури и со вакцина, коронавирусот нема да изчезне
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

Во студијата објавена во „Лансет“, руски истражувачи известија за две испитувања спроведени во јуни и јули, во кои учествуваа 38 здрави луѓе на возраст од 18 до 60 години.

На секој учесник му беше дадена прва доза, проследена со посилна 21 ден подоцна. Тие биле следени во текот на 42 дена и сите развиле антитела во текот на првите три недели.

Во извештајот се вели дека учесниците ќе продолжат да ја следат нивната состојба до 180 дена.

Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат

Истражувањата во раната фаза исто така сугерираат дека вакцината произведува одговор од Т-клетките, клучен дел од имунолошкиот систем што може да игра улога во обезбедувањето на подолготрајна заштита од коронавирусот.

Слабост на студијата е тоа што многу од учесниците се луѓе на возраст од 20 до 30 години, додека коронавирусот е особено опасен за нездрави и постари луѓе.

Руската вакцина користи модифициран аденовирус, што обично предизвикува настинка. Потоа се комбинира со дел од новиот коронавирус, САРС-КоВ-2, за да се предизвика имунолошки одговор.

Проширување на испитувањата

И покрај какви било недостатоци, руските програмери тврдат дека станува збор за голем успех и најавија планови за проширување на испитувањата.

Коронатест за една секунда, економии во рекорден пад
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:33 0:00

Професорот Александар Гинтсбург, директор на Институтот Гамалеја, кој ја разви вакцината со Министерството за одбрана на Русија, им изјави на новинарите дека вакцината предизвикува „доволен“ имунолошки одговор.

„Подготвени сме да тврдиме дека заштитниот ефект на оваа вакцина ќе биде откриен и ќе остане на соодветно ниво 2 години, или можеби дури и повеќе“, наведе Гинтсбург без да презентира докази.

Берлин се сомнева во квалитетот и ефективноста на руската вакцина

Клиничкото испитување во фаза 3 ќе вклучи 40.000 волонтери „од различна возраст и ризични групи“, се вели во трудот.

Во коментар објавен, исто така во британскоо медицинско списание во „Лансет“, Наор Бар-Зеев од универзитетот за јавно здравје Џонс Хопкинс кој не бил вклучен во студијата, смета дека истражувањето е „охрабрувачко, но мало“.

„Покажувањето безбедност ќе биде клучно со вакцините за ковид-19, не само за прифаќање на вакцините, туку и за доверба во вакцинирањето нашироко“, напиша тој.

Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди земјите да не ја жртвуваат безбедноста за брз развој на вакцина. Оваа организација со седиште во Женева вели дека нема да одобри вакцина што не се покажала безбедна и ефикасна.

СЗО: Да запре вакциналниот национализам

Постои огромен притисок на глобално ниво за брза употреба на вакцина, бидејќи пандемијата продолжува да се шири и земјите сакаат да добијат пристап до третмани за нивната популација.

СЗО соопшти дека вкупно 176 потенцијални вакцини се развиваат ширум светот, од кои 34 се тестираат на луѓе. Меѓу нив, осум се во фаза на клинички испитувања во кои учествуваат десетици илјади луѓе.

Кирил Дмитриев, кој е предводник на рускиот Инвестициски фонд што стои зад руската вакцина изјави дека публикацијата во „Лансет“ „е моќен одговор на скептиците кои неразумно ја критикуваа руската вакцина“.

Дмитриев изјави дека Русија добила барања од 20 земји за набавка на милијарда дози вакцина. Русија соопшти дека индустриското производство за вакцината Спутник V се очекува да започне во септември.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG