Достапни линкови

Папа Франциск: Жално е ако богатите имаат предност за вакцина


Папата Френциск изјави дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинацијата против коронавирус. Според него, пандемијата е криза, но мора да излеземе од неа како подобри луѓе, јави АП.

„Колку би било жално ако приоритет за добивање на вакцината им се даде на најбогатите. Би било скандалозно целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, да заврши со заживување на индустриите кои не им помагаат на сиромашните“, рече папата.

Говорејќи за време на својата неделна јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност, ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природното опкружување.

XS
SM
MD
LG