Достапни линкови

Борел за РСЕ: Оптимист сум за договор меѓу Србија и Косово за регистарските таблички


Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел
Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека е оптимист оти Косово и Србија, по договорот за личните карти, ќе постигнат договор и за регистарски таблички.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во интервју со уредникот на Радио Слободна Европа Рикард Јозвијак изјави дека тој во разговорите меѓу Приштина и Белград сака да ја разбере позициите на секоја страна, односно што се крие зад идентитетското прашање, или како што вели, „да се биде во држава, да се биде нација, која не е призната од доста земји ширум светот дури и внатре во Европската Унија?“

Борел ја повика ЕУ да не ја „затвора вратата“ за сите Руси
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00

Тој смета дека прашањето за регистарските таблички е потешко од прашањето за личните карти, за кое косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ постигнаа договор на 27 август.

Стејт департмент: Договорот меѓу Косово и Србија е чекор кон нормализација на односите

„Го решивме проблемот со личните карти и да речеме пасошите, слободното движење на луѓето. Табличките се потешки за решавање бидејќи, не е само за некакво движење, тоа е имот што може да се продаде и купи. Но, јас сум оптимист“, вели Борел, наведувајќи дека не очекува тоа да се случи веднаш, бидејќи има период од два месеца.

„Тоа не е нешто што ќе се случи утре. И Курти го прифати процесот од околу два месеца за да избегне каква било ситуација која може да создаде поголема опасност“, вели Борел во интервјуто за РСЕ, додавајќи дека врши притисок за нешто што двете страни би можеле да го прифатат.

Осврнувајќи се врз предлогот на некои земји членки на ЕУ за ограничување на визите на Русите тој во интервјуто за Радио Слободна Европа рече дека тоа е нешто што може да се очекува.

„Јас не би бил за да кажеме дека Русите никогаш од која било причина не би требало да одат во Европа. Мислам дека треба да бидеме поселективни - не сите Руси треба да бидат забранети. Многу луѓе сакаат да ја напуштат Русија. Повеќе од 300.000 заминале од почетокот на војната. А повеќето од нив се професионални, високообразовани луѓе кои не сакаат повеќе да останат во Русија“.

Според Борел, Русите не сакаат да одат во војна. „Тие не ја поддржуваат војната. Тие не сакаат да продолжат да живеат под режимот на Путин и си заминуваат. Значи, мислам дека не треба да им ја затвораме вратата на овие луѓе“.

Зошто и покрај големите санкции руската невработеност е на најниско ниво

Борел исто така вели дека Европската унија би можела да воведе дополнителни санкции против Русија поради инвазијата врз Украина и дека на членките на Унијата им останува да презентираат дополнителни предлози.

„Никогаш не е готово. Знаете, на земјите-членки е да дадат повеќе предлози на маса. Овој пакет санкции е најсеопфатниот, најмоќниот пакет рестриктивни мерки што некогаш сме го усвоиле и ги таргетира критичните сектори на руската економија и технолошките сектори. Русија зависи од технологијата на високо ниво за над 40 проценти од Европејците. Новите нафтени полиња и наоѓалишта на гас нема да можат да се развијат без наша техничка поддршка“, вели Борел во интервјуто за РСЕ.

Во врска со тоа дали тоа може да си го дозволи Унијата со оглед на фактот што цените на енергенсите растат шефот на европската дипломатија вели:

„Секако дека цените на енергијата се голем проблем за Европејците, но има многу причини за ова зголемување на цените, не само фактот што има рестриктивни мерки во однос на енергијата што ја увезуваме од Русија, туку и рестриктивни мерки од руска страна. Но, во случајот со јагленот и нафтата, ние сме тие што кажавме дека не сакаме да го купиме. Во случајот со гасот, се соочуваме со ситуација во која Путин ќе биде тој што ќе каже: „Не сакаме да го продаваме“.

Но, освен тоа, има и многу други причини, кои немаат врска со ситуацијата во Украина. Сушата, хидро производството е многу ниско, нуклеарните централи во Франција работат со 40 насто од својот капацитет за технички проблеми, а сето тоа заедно прави голем скок на цените. А потоа, тука се пазарните шпекулации кои ги зголемуваат цените“, изјави Борел во интервју за РСЕ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG