Достапни линкови

Бежоска: Денарот останува стабилен


Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска

Мошне е важно шокот предизвикан од појавата на коронавирусот да трае што пократко за да нема поголеми негативни ефекти врз билансите и на фирмите и на финансискиот сектор. Веќе следната година, според проекциите на ММФ се очекува забрзан раст на глобалната економија од околу 5,7%, како и забрзување и опоравување и на македонската економија, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката вели дека шокот од пандемијата, годинава ќе се одрази со пад на активноста на сите економии, но притоа, според очекувањата на ММФ, кај економиите во развој и брзорастечките економии меѓу коишто е и нашата, падот ќе биде помал во споредба со оној кај развиените економии.

Добиената финансиска поддршка од ММФ претставува и потврда за здравоста на фундаментите на нашата економија, вели гувернерката и додава дека како што со години наназад е стабилен, така и отсега натаму, денарот ќе биде стабилен.

XS
SM
MD
LG