Достапни линкови

„Скакулци“ на Багашов ја освои главната награда на „European Short Pitch“


Ханис Багашов, млад филмски автор
Ханис Багашов, млад филмски автор

Краткиот филм во развој „Скакулци“ на младиот филмски автор Ханис Багашов ја доби главната награда на „European Short Pitch“.

„Тоа е главната награда и ја доделува регионот Бретања во Франција. Големо признание за добро завршена работа и поттик во следниот период јас и двете продукции да работиме на обезбедување средства за реализација, првично од филмските фондови во матичните земји“, изјави Багашов.

Тој објасни дека „Скакулци“ е „приказна за забранета љубов, отуѓеност и разбирање, која се одвива во текот на еден ден во магливо поле полно со скакулци“. Филмот е во копродукција на ОКО Продукција и La Belle Affaire Productions од Франција.

„Консултациите и форумите за копродукција се одвиваат онлајн. Моментално сме во фаза на обезбедување средства за снимање“, објасни Багашов за тоа како се развива сега филмот во време на пандемија.

„European Short Pitch“ е паневропска иницијатива на Ниси Маса за поддршка на млади таленти во областа на краткиот филм.

„Скакулци” е избран од Форумот на копродукција, кој се одржа од 12 до 15 ноември во партнерство со Европскиот фестивал на краток филм во Брест, откако претходно беше селектиран меѓу 12 најдобри од повеќе од 160 пријавени филмкси проекти од Европа.

На почеток од годинава, Багашов стана дел од талентите на Берлинскиот филмски фестивал - Берлинале, а неговиот краток филм ,,Мишко” беше премиерно прикажан на Сараевскиот филмски фестивал во 2018.

Во меѓувреме, Багашов пишува ново сценарио за филм.

Филмскиот автор беше дел од видео рубриката „Моја Порака“, каде откри дека на 12 години случајно во фиока ја открил својата професија.

XS
SM
MD
LG