Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски вели дека одговорност за дресовите на националниот фудбалски тим кои беа изработени во бордо боја, ќе има и од службите во ФФМ и од техничкиот партнер кој не ја испорачал бојата која била наменета за нашата репрезентација.