недела, декември 21, 2014 Скопје 18:55

Македонија

Молк на весниците за аферата „1,5 милиони евра во кеш за Груевски“

Со ретки исклучоци, весниците ја премолчуваат аферата што ја отвори претседателот на СДСМ Зоран Заев, дека премиерот Груевски зел 1,5 милиони евра црни пари во кеш од „Газда Нини“ при продажбата на Македонска банка.

Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев.
Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев.
Она што Заев го вети по првиот изборен круг, дека аргументирано и со документи ќе ги обелодени криминалните дејанија на партијата на власт, го остварува: „Газда Нини му дал 1,5 милиони евра кеш на Груевски од продажбата на Македонска банка. За сè имаме докази, вели Заев“. Утрински ја објавува истата информација. Во другите печатени медиуми за оваа опозициска „бомба“ нема ниту збор. Утрински го објавува и пишаниот демант од партијата на Груевски: „Заев халуцинира, ќе добие тужба“.
 
Газда Нини му дал 1,5 милиони евра кеш на Груевски од продажбата на Македонска банка. За сè имаме докази, вели Заев.
x

Печатените медиуми, инаку, главно објавуваат информации за првиот круг на претседателските избори во неделата. Утрински во крупен наслов напиша: „Триумфот на десницата влез кон победа и на 27 април“. Вечер, кој најдетално ги следи предизборните настапи на сите носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, насловува: „Експертите очекуваат двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април“ и триумфално додава: „Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ и на парламентарните избори“.
 
Етноцентричноста на ДУИ и на ДПА им штети на Албанците.

„Сè е фалсификат кога губат“ - наслови Дневник за да додаде: „Пендаровски за, Заев против бојкот на изборите?“ Утрински со подетален наслов: „Расте притисокот врз Заев - Новото опозициско раководство падна на првиот изборен тест, ама најави продолжување на кампањата, очекувајќи подобри резултати на 27 април“.
 
Исто така, само истиот весник објави дека „Уставниот суд го одби барањето на новинарите за 24 декември - на новинарите не им била загрозена слободата на изразување, туку биле замолени да ја напуштат галеријата, заради нивна лична безбедност“, парафразира Утрински дел од образложението.
 
Дневник објави дека лидерот на ДПА, Тачи, имал средба со Груевски на која барал заштита на изборите од, како што пишува весникот, „теророт на ДУИ“. Од високи извори на ДПА Дневник дознава дека се разговарало и за соработка на двете партии по вториот круг на изборите.
 
Нова Македонија објавува сопствена анализа дека „Етноцентричноста на ДУИ и на ДПА им штети на Албанците“.
 
И како за крај на овој преглед, информацијата што ја објавува Слободен печат: „Се намалува интересот за државните хартии од вредност - на банките им здодеа да ја спонзорираат владата која пред два дена сакаше да позајми 30,8 милиони евра, но доби 28,5 милиони, што е за прв пат од почетокот на годинава банките да не ѝ удоволат на Владата“.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: МК Обсервер Град: Скопје, Македонија
22.04.2014 18:55
+0 / -1
Комуњарске „Карапанџе“ остале без основних састојака за свој шоу „Мале тајне великих мајстора кухиње“...

Штета, ќе беше поинтересно!...

Име: logika Град: skopje
18.04.2014 12:26
+0 / -1
Ако г-нот Заев веќе обвинува, тогаш, редно е тој документ да го објави сега и веднаш пред изборите како вистински доказ пред изборите за да не се случи оноа - СЕ ШЕГУВАВМЕ....

Име: burgija Град: zrze
18.04.2014 11:43
+1 / -0
Epa tie se tie "objektivni" mediumi koi ne smeat da pisnat.Dali ovie napadi od opzicijata se vistiniti ili ne mediumite se dolzni da ne informirat.Nie kako gragani treba da imame pristap do site informacii a ne informaciite da se delat na podobni i nepodobni.Nemoze mediumite ako se se prestavuvat za objektivni da ne informirat samo za nastani koi na niv im se bendisuvat ako e taka togas za kogo postojat tie mediumi za narodot ili za odredena grupa na luge.Poradi nivnata "objektivnost" i "nezavisnost" Makedonija e na 123(mi se cini) po slobodno informiranje pa ima edna pogovorka -"ako koza laze rog nelaze"-ili mozebi spored ovie "objektivnite" celiot svet laze.

Име: kulemk Град: Skopje
18.04.2014 07:56
+0 / -1
gazda Nini, izvorot e vo zatvor za razni manipulacii teshki nekolku milijardi evra....zatvorenik koj rabotel nadvor od zakonot nemozhe da bide siguren izvor za optuzhuvanje. Toj isti gazda sigurno i so chelnicite na SDSM od toa vreme ima dilovi i ostanati politichari na celiot Balkan. Miliardi evra se mnogu pari i nema politichar koj ne bil informiran za "rabotata " na gazda NINI.....

Име: ile Град: skopje
17.04.2014 20:41
+1 / -0
So Makedonija vladee partija koja e sozdadena od iluminati i masoni i koja se krie pod imeto Vmro-Dpmne i ima samo edna cel a toa e rasturanje na Maekedonija po site osnovi.Zatoa do sega za niedna afera ne se ima nikoj zainteresirano nitu ovde nitu nadvor vo stranstvo i ovaa afera ke pomini i ke se zataska od strana na eu nato amerika i site onie koi ja sozdadoa iluminatsko-masonskata partija koja momentalno e na vlast.Tesko e da se boris protiv celsvet kako Opozicija koja nema resursi i podrska od nikade i koja site ja unistuvaat.Veke e jasno sto se pravi ovde vo Makedonija.Mnogu e navlezena Masonerijata i so polna parea raboti na rasturanje na Drzavata.

Име: Ѓоко Град: Кичево
17.04.2014 19:32
+0 / -1
Некако не се согласуваат периодите споменати во оваа информација.Кога `земјата тагуваше по Трајкоски` е времето кога премиер беше Бранко Црвенкоски.Не е прецизирано во кој маднат и на која фукција бил никола Груевски кога `се личило ова`.Дали како министер за финансии во владата на Љупчо георгиевски или кога беше самиот тој премиер.Но тгаш веќе македонска банка не постоеше.

некако има многу конфузии во целата оваа работа.Добро е да се расчисти до крај.не смее да остани никва флека,со оглед дека се работи за функционер кој е со најдолг стаж на местото премиер на Република Македонија

Име: Srp
17.04.2014 18:53
+0 / -1
Uste pa i VIE SE mislite deka nekoj se zanimava so izmislicite i glupostite na Zaev!? Zaev so tapija go sogoli Global, a sega uste i mestenki kje pravi, ne go biva kako i celo SDSFIROM!

Избор на уредникот

Радио програма