Достапни линкови

logo-print

Заев - Аудио-доказ дека Груевски зел 1,5 милиони евра кеш


СДСМ денеска на медиумите им достави аудио снимка, која според нив е доказ за тоа дека премиерот Никола Груевски примил 1,5 милиони евра црни пари во кеш од „Газда Нини“ од продажбата на Македонска банка. Аудио снимката наводно им ја дал загрижен граѓанин. На снимката, според СДСМ, има телефонски разговори меѓу „Газда Нини“ и непознат посредник, како и меѓу посредникот и Никола Груевски.

„Никола Груевски, не мора да се закануваш преку соопштенија со тужба, еве јас те повикувам да ме тужиш. Кога веќе бегаш од мене на дебати, нема проблем, ајде да се сретнеме на суд. Ама ти лично да се појавиш на судењето, не да се криеш. И да биде јавно, со присуство на медиуми и на набљудувачи. Па, сите нека видат која е вистината“, рече лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција во партиското седиште.

Заев рече дека со нивните докази ќе ги запознаат и претставниците на меѓународната заедница и странските медиуми.

СДСМ обвини дека при продажбата на Македонска банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини во 2004 година, премиерот Никола Груевски зел 1,5 милиони евра црни пари во кеш. ВМРО-ДПМНЕ одговори дека тоа е лага и најави дека Груевски ќе го тужи Заев за клевета.
XS
SM
MD
LG