Достапни линкови

Опозицијата месеци наназад отвара „жешки“ теми за начинот на практицирање на власта, но „големите“ скандали не наидуваат на големо внимание, ниту од јавноста, ниту од институциите

Кој што направил, кој колку пари проневерил, некој примал поткуп, за сè и сешто се наслушавме во предизборниот период, но и малку пред тоа кога сите знае дека ќе има предвремени избори, но никој јавно не признаваше. Опозицијата месеци наназад отвара „жешки“ теми за начинот на практицирање на власта на ВМРО-ДПМНЕ, за нивната вмешаност во корупциски скандали, за тоа колку пари се проневериле, но „големите“ скандали не наоѓаат на големо внимание, ниту од јавноста, ниту од институциите.
Толку не сум заинтересирана за политика и мислам дека што и да направат ќе биде контрапродуктивно.



„Веќе немам доверба во никого, без разлика на политичката партија, едноставно никому не верувам.“ Зоран Заев, СДСМ.

Зоран Заев, СДСМ.


„Толку не сум заинтересирана за политика и мислам дека што и да направат ќе биде контрапродуктивно.“

„Тие партиски се спротивставуваат едни со други таму, меѓутоа државата нема никакво фајде од тоа“, велат анкетираните скопјани“, велат граѓаните.
Се разбира дека за тие работи конечно треба да се изјаснат надлежните органи, но како индиции можат да влијаат врз расположението на граѓаните.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека опозицијата полага надеж дека отворањето на ваквите афери ќе влијае врз расположението на гласачите.

„Се разбира дека за тие работи конечно треба да се изјаснат надлежните органи, но како индиции можат да влијаат врз расположението на граѓаните.“

Но однапред се знае дека случаите нема да имаат институционална завршница, вели Зибери.
„Некоја институционално-законска завршница во оваа фаза не може да има, но секако дека тие полагаат надеж дека ќе влијае врз расположението на гласачите за да се определат конечно.“
Нема кој да го потврди тоа или да не го потврди и сето тоа ќе биде ставено во функција на гласчаката машинерија.


Нема политичка волја да се одговори на многубројните афери, па затоа и граѓаните не знаат како да се однесуваат ниту кон аферите, ниту кон функционирањето на политичкиот систем, вели социологот Ѓорги Тоновски.

„Нам за жал во сета таа проблематика на нефункционирање и на неадекватност на некои политички институции или социјални институции, ни се случува и нефункционирање на институции коишто се занимаваат или чија надлежност е ваквата проблематика, заради тоа и сензибилитетот ни е доведен во прашање.“

Тоновски додава дека сè се прави во функција на изборите.

„Мислам дека и натаму ќе се отвораат вакви и можеби и поголеми приказни и од едната и од другата страна, меѓутоа нема никој, нема кој да го потврди тоа или да не го потврди и сето тоа ќе биде ставено во функција на гласчаката машинерија.“

За сите отворени теми, а од почетоков на годината ги имаше побааги, надлежните институции не се огласија и се остана да се случува меѓу партиските говорници. Познавачите велат дека разрешница на аферите може да има само ако се промени власта.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG