Достапни линкови

Заев - Груевски земал 1,5 милиони евра на црно од „Газда Нини“


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска обвини дека премиерот Никола Груевски лично му ја продал Македонска банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како Газда Нини. Официјалната сума на продажбата била приближно 900 илјади евра според официјалните документи, рече Заев и додаде дека надвор од овие официјални договори одобрени од тогашниот гувернер Љубе Трпески, Никола Груевски договорил дополнителна сума од 1,5 милиони евра за продажбата на Македонска банка.

„Оваа дополнителна сума од 1,5 милиони евра била исплатена на црно, во кеш на Никола Груевски“, рече Заев на денешната прес-конференција во партиското седиште во Скопје.

Со тоа, според него, се прекршени многу закони и буџетот е директно оштетен за 225 илјади евра по основ на неплатен данок.

Заев праша каде завршиле овие пари и дали ликвидацијата на Македонска банка во 2007 година, кога Груевски е веќе премиер на Македонија, била обид за прикривање на трагите од овој криминал.

По вчерашните обвинувања од Заев, ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека се работи за лаги и измислици.
XS
SM
MD
LG