Достапни линкови

Индиректен дијалог за излез од кризата


До каде е дијалогот и на кој начин ќе се надмине политичката криза засега политичарите не кажуваат јавно, но преговори се одвиваат. Работите треба да станат појасни за некој ден, оти течат рокови за закажаните избори.

Претставниците на политичките партии не негираат дека имаат средби со странските дипломати во обид да се најде решение за излегување од политичката криза, но официјално никој не сака да каже што се разговара, ниту, пак, да прогнозира до каде е дијалогот и можен ли е компромис.

Се бара излез од ситуацијата, факт е дека сите се свесни дека сме заглавени во уставните одредби поради кои нема можност за свикување на Собранието, но сите разговараат на таа тема. Претпоставувам и дека пред да седнат на преговарачка маса работата ќе биде завршена и тогаш ние ќе бидеме информации.

Од СДСМ велат дека имаат редовни и вообичаени контакти со амбасадорите нагласувајќи дека остануваат на двата услова што ги поставија за да влезат во разговори - поништување на аболицијата и отповикување на одлуката за избори на петти јуни.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ не одговорија на прашањата за контактите со странците и за можноста за компромис, а одговор не можеше да се обезбеди ниту од ДПА.

Неофицијално, се поизвесно е дека цврсто за одржување на избори на петти јуни останува само ВМРО-ДПМНЕ, а кај ДПА и ДУИ е отворена можноста да не се кандидираат за гласањето на закажаните избори.

Контактите со партиите јавно ги потврди амбасадарот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли. Ќе се трудиме да и помогнеме на Македонија да излезе од оваа политичка криза, ќе ве информираме за следните чекори што планираме да ги направиме, рече кратко Бејли.

Факт е дека преговори се одвиваат и дека јавноста нема никакви информации, но тоа може да остане така докрај, смета универзитетскиот професор Никола Дујовски.

„Многу е реално да се случи дека ќе дојдат до некакви решенија кои ќе бидат имплементирани на еден или на друг начин. Се бара излез од ситуацијата, факт е дека сите се свесни дека сме заглавени во уставните одредби поради кои нема можност за свикување на Собранието, но сите разговараат на таа тема. Претпоставувам и дека пред да седнат на преговарачка маса работата ќе биде завршена и тогаш ние ќе бидеме информации“, вели Дујовски.

Претседателот Ѓорге Иванов во меѓувреме треба да најде начин да ја повлече и аболицијата, а протестите кои речиси секојдневно се случуваат треба да бидат сигнал за политичарите дека не може да се носат одлуки без согласност на граѓаните, смета Дујовски. Иако едно од барањата на движењето „Протестирам“ е вклученост и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот за решавање на кризата тој смета дека во оваа фаза граѓанските здруженија не може многу да помогнат оти како што вели тие не учествуваа во носењето на одлуките за аболиција и за избори на петти јуни.

„Граѓанскиот сектор ќе мора да се вклучи и сериозно да го даде својот придонес меѓутоа од кога ќе бидат исполнети овие две барања. Тие и не може многу да направат освен да ги притискаат институциите преку улицата на протести, кои што може да стануваат и помасовни а може и ќе добијат поинаков облик во наредниве денови, да го притискаат претседателот Ивнов прво да ја повлече аболицијата, а потоа да се изнајде начин да се повлече и одлуката за изборите“, вели Дујовски.

Без разлика на разговорите и исходот од нив работите би требало да станат појасни до единаесети месецов бидејќи тогаш истекува рокот за поднесување на кандидатски листи до Државната изборна комисија за изборите кои би требало да се одржат на петти јуни.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG