Достапни линкови

Од ДУИ велат дека продолжуваат со напорите за излез од кризата. Од СДСМ додаваат дека топката е кај Иванов и кај Груевски, а ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ за пропаѓање на шансата за решавање на кризата.

Протестите продолжуват дури и се шират по други градови, а во меѓувреме на политичката сцена има молк. Покрај домашните политичари овојпат ниту меѓународните претставници не зборуваат јавно за некаков нов обид за политички договор за надминување на проблемот.

Впечатокот е дека тие напори постојат, со некои изјави на ДУИ се индицира дека преговорите се зад сцената, а исто така и претседателот изјави дека се во тек правни консултации околу можноста за повлекување или на некој начин редефинирање на одлуката за помилување, меѓутоа од она што е досега видливо, а се однесува на двете најголеми политички партии од македонскиот блок засега некој поголеми поместувања во тој домен.

Ваквиот молк предизвика низа гласини за можните случувања зад сцената.

Од повлекување на одлуката за аболиција која ги разгоре тензиите на улица, а дури и оставка на претседателот Ѓорге Иванов, до Влада на широка коалиција и одложување на изборите закажани за петти јуни се шпекулации кои се објавуваат деновиве, а во сите нив се споменува силен меѓународен притисок.

„Впечатокот е дека тие напори постојат, со некои изјави на ДУИ се индицира дека преговорите се зад сцената, а исто така и претседателот изјави дека се во тек правни консултации околу можноста за повлекување или на некој начин редефинирање на одлуката за помилување, меѓутоа од она што е досега видливо, а се однесува на двете најголеми политички партии од македонскиот блок засега некој поголеми поместувања во тој домен”, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија.

Засега јавно само лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека продолжувале со напорите за излез од кризата во секојдневен контакт со меѓународните партнери од Брисел и Вашингтон, но и во комуникација со страните потписници од Договорот во Скопје. И денеска од партијата само кратко и потврдно одговараат дека продолжуваат напорите за надминување на проблемот.

Од СДСМ, пак, велат дека нивните контакти со амбасадорите ги објавувале јавно преку соопштенија и дека топката засега останувала кај Иванов и кај Груевски, бидејќи еден од условите кои тие го поставија за да седнат на разговори, покрај изборите, е токму повлекување на аболицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, на прашањето за обидите за решавање на проблемот зад сцената одговорија дека имало обид за организација на средба во Виена која пропаднала заради уцените на Зоран Заев и тогаш го соопштиле нивниот став кој беше дека со саботажата од претседателот на СДСМ пропаднала уште една шанса за решавање на кризата.

„Целокупната ситуација го блокира излезот од кризата, односно ставовите јавно изразени од двете партии го блокираат излезот од кризата. Ниту избори може да се одржат на петти јуни, ниту пак можеме да продолжиме понатаму ако не се одложат тие избори и не се повлече аболицијата“, вели Трошановски.

Седница на Уставниот суд за да се преиспита одлукaта за распуштање на Собранието, претседателот веднаш да го повлече актот за помилување, Специјалното јавно обвинителство да продолжи со својата работа, лидерите на политичките партии и меѓународната заедница да ја поддржат опцијата за формирање на преодна Влада мешана од експерти и политичари со мандат до следните редовни парламентарни избори предвидени за 2018 година, се дел од работите кои институтот сугерира дека треба да се направат.

Во меѓувреме покрај во Скопје протести поттикнати од одлуката на претседателот има и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп и Радовиш. Бројноста на присутните граѓани кои секојдневно излегуваат на улиците во 18 00 часот на повик на движењето „Протестирам“ не се намалува.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG