Достапни линкови

Протестите продолжуваат, оти власта не најавува остапување од своите ставови. Од „Протестирам“ велат дека најавената радикализација не значи дека ќе се има насилни протести, туку ќе се зголемува интензитетот и формата на изразување на протестот. И ГДОМ продолжуваат со протестите.

По велигденските празници од движењето „Протестирам“ изјавија дека граѓаните ќе продолжат да излегуваат на улиците и денеска и во наредните денови со најава дека протестите може да се интензивираат ако не бидат исполнети условите што тие ги поставуваат. И претставниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кажаа дека по завршувањето на празниците ќе продолжат таму каде што застанеле. Од „Протестирам“ кои веќе три недели секој ден се на улиците, по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболицира политичари, велат не би сакале да прогнозираат до кога ќе траат протестите со оглед дека нема најава за било какво отстапување од власта во однос на нивните барања.

Радикализација е природен тек односно еволуција на протестите, кога гледате дека ништо не се помрднува. Тоа не значи дека ќе биде напаѓана полицијата, туку ќе се радикализира делувањето во смисла на зголемување на интензитетот и формата на изразување на протестот.

„Во случај да се случи Претседателот да ја повлече аболицијата и изборите се одложат, останува сепак уште едно барање од тие седум што се поставени, а тоа е граѓанскиот сектор да биде вклучен во преговорите, доколку такви преговори има. Така што она што можам да потврдам е дека протестите продолжуваат“, вели активистката Ивана Туфегџиќ.

Улицата станува сè погласна и станува фактор од каде политичарите ќе го црпат легитимитетот, а и самата улица има свој сопствен легитимитет, вели Туфегчиќ во врска со барањето да бидат вклучени во процесот на разговори за надминување на кризата.

Покрај повлекување на аболицијата, повлекување на одлуката за избори на петти јуни, вклучување на граѓаните во процесот на разговори за надминување на кризата, „Протестирам“ исто така бараат и оставка на Иванов, преодна влада и формирање специјално одделение во Кривичниот суд, итн.

Од „Протестирам“ велат дека по празниците можна е радикализација на протестите, но Туфегџиќ објаснува дека тоа не значи дека ќе се случуваат насилни протести.

„Радикализација е природен тек односно еволуција на протестите, кога гледате дека ништо не се помрднува. Тоа не значи дека ќе биде напаѓана полицијата, туку ќе се радикализира делувањето во смисла на зголемување на интензитетот и формата на изразување на протестот.“

Инаку денеска се одржа рочиште за двајцата демонстранти што беа приведени на 11 април. Основниот суд Скопје 1 го одложи рочиштето затоа што обвинителството побара спојување на постапката со уште еден предмет при што побарува оштета од 880 илјади денари. Адвокатот Владимир Данаилов изјави дека е неправично за сите обвинети да им биде ставен на товар оваа штета која не е поткрепена со вешт наод, туку е паушално утврдена.

„Одевме како најдобра варијанта на признавање на вината, но кога признавате вина ги прифаќате автоматски трошоците и оштетното побарување за да се избегне тоа, побаравме обвинителниот предлог да биде прецизиран на најмалку солидарна одговорност или по наш предлог со кој утре ќе настапиме да се оди на имотно побарување во друга цивилна постапка.“

Демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски кои беа приведени на протестите на 13 ти април, се во домашен притвор и се единствени од првата група приведени кои добија кривични пријави.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG