Достапни линкови

Ништо не може да ги задржи младите дома


Планираме живот во странство е најчестиот коментар на младите, кои разочарани од безидејното секојдневие ги пакуваат куферите со спомените и заминуваат во белиот свет. Невладиниот сектор порачува дека вработувањата и пристапните институции може да ги задржат младите во земјата.

„Мојата ќерка веќе пет години е во странство и нејзиното момче е таму. И неговата сестра е таму. Сретнав нејзини врсници со завршено високо образование кои работат во малски дуќан, други кои овде не можат да најдат работа, а заминаа во Германија, Австралија...Болката што ја претрпев нема да ми помине, зошто ако се врати ќерка ми ќе нема кој да ја поздрави, нејзините другари заминаа во светот. Тоа е болната реалност со која ќе се соочиме многу семејства.“

Планирам моите студии да ги продолжам во странство. Со оглед на тоа што праксата ќе се спроведува надвор од границите на Република Македонија, се надеваме дека со вештините кои ќе ги стекнеме ќе можеме да најдеме работа надвор од државата.
Сибела Мамудоска од Прилеп.

Ова на својот профил го напиша мајка од Прилеп, видно потресена од трендот на масовно иселување на младите, тренд на кој Прилеп не одолева. Илјадници млади веќе заминаа, да работат на брод во прекуокеанските земји, запишаа студии во странство само за да останат таму, други се оженија и порано отколку што планираа, само за да избегаат што побрзо од родната земја во потрага по подобри услови за живот.

„Планирам моите студии да ги продолжам во странство. Со оглед на тоа што праксата ќе се спроведува надвор од границите на Република Македонија, се надеваме дека со вештините кои ќе ги стекнеме ќе можеме да најдеме работа надвор од државата“, вели Сибела Мамудоска.

А, овој е најчестиот коментар на младите, кои разочарани од безидејното секојдневие ги пакуваат куферите со спомените и заминуваат во белиот свет.

Сепак има и оптимисти дека овде ќе најдат работа. Еден до нив е Петар Шиклески кој волонтира во Грција.

„Се надеваме дека ќе стекнеме нови искуства кои ќе можеме да ги придонесеме во нашава држава, ние се надеваме дека овде ќе имаме повеќе шанси за работа и ќе придонесеме. Да придонесеме колку може повеќе од меѓународната пракса во нашата држава“, вели Шиклески, студент на ФОН.

За да се детектира состојбата и спречи трендот на масовно иселување, младинската коалиција „СЕГА“ од Прилеп, спроведе широка дебата во присуство на претставници од Министерствата за образование и труд и социјална политика.

„Во согласност со она што ние можеме да го утврдиме, тоа се случува како причина на актуелната состојба кај нас во државата, односно големиот момент на недоверба кон институциите, делот на социјална апатија. Под итно треба да се седне и да се направи стратегија како да се обезбеди побрз пристап на вработување од образование директно кон работно место. Тоа е нешто кое треба да им се понуди на младите, како да го забрзаме процесот да најдат работа“, вели Зоран Илиески, претседател на коалицијата на младински организации „СЕГА“.

Со цел да се преиспитаат актуелните мерки за поддршка и вработување на младите, оваа младинска коалиција сите препораки ги достави до Министерството за труд и социјална политика, со надеж дека бидат земени предвид при утврдување на следните мерки за поттикнување на вработеноста и поддршка на младите. Според анализите од веќе спроведените, мерката за финансирање на свој бизнис со 3.000 евра е во најодржливите за самовработување. Клучна препорака во тие рамки, велат од СЕГА, е мерката да биде проширена, а едновремено да се зголеми и поддршката на младите за развој на претприемачки вештини.

ЕУ и слободниот трансфер на трудот
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:10 0:00

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG