Достапни линкови

logo-print

Работа на брод, работа во ресторани во Обединетите Арапски Емирати и Катар, како и американската програма „Work and travel“ се билети кои младите ги користат честопати само во еден правец.

Речиси и да не постои маало во Македонија од коешто нема барем еден млад човек што заминал во странство. Малта, Германија, Италија, Швајцарија, Англија, Австралија, Нов Зеланд се земјите во кои младите од Македонија се обидуваат да најдат подобра иднина за себе. Работа на брод, работа во ресторани во Обединетите Арапски Емирати и Катар, како и американската програма „Work and travel“ се билети кои младите ги користат честопати само во еден правец.

Јас сметам дека не се единствени економските фактори оние кои се клучни за напуштањето, може се меѓу пресудните, но тука дефинитивно играат улога квалитетот на живот кој го имаат во земјата, културните можности кои ги добиваат, квалитетот на образованието, можностите за вработување, социјалниот живот, всушност целиот склоп на она што го прави животот на еден млад човек квалитетен и исполнет.

Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ) Дона Костуранова вели дека во земјава недостасуваат основни анализи за бројките на иселеници, за причините, како и за тоа дали дел од нив се враќаат.

„Јас сметам дека не се единствени економските фактори оние кои се клучни за напуштањето, може се меѓу пресудните, но тука дефинитивно играат улога квалитетот на живот кој го имаат во земјата, културните можности кои ги добиваат, квалитетот на образованието, можностите за вработување, социјалниот живот, всушност целиот склоп на она што го прави животот на еден млад човек квалитетен и исполнет“, вели таа.

Социологот Илија Ацески вели дека проблемот со иселување на младите е сложен, но бесперспективноста е основната причина.

„Во овие услови сè повеќе и повеќе се убедени младите дека останувањето во Македонија е бесперспективно во една социјално-економска смисла, дека тоа е еден период којшто е изгубен во тој контекст и кога станува збор за едно отворено општество кога се достапни сите информации, кога се нуди сега условно кажано еден пазар којшто е отворен за целиот свет, најголем дел од тие млади луѓе ја проектираат својата перспектива надвор од Македонија“, вели Ацески.

Македонските институции не нудат точни бројки за овој иселенички тренд. Дел од медиумите се повикуваат на бројки од Светската банка кои покажуваат дека од земјава до 2013 година се иселиле над 600 илјади луѓе. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, 20 илјади луѓе се иселиле само во 2013 година, додека вкупниот број на иселени од земјава во земјите членки на оваа организација без Германија, изнесува 314 илјади луѓе.

Пописот е само еден од методите со кои може да се утврди точната бројка на иселени од земјава.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG