Достапни линкови

Иселувањето на младите, невработеноста, студентските домови и стандард ги кренаа младите да се побунат. За да се спречи повторен бунт, владејчката ВМРО-ДПМНЕ популизмот го префрли и на младата популација, па сега следат низа мерки на нив.

Со цел да привлече што повеќе гласови сега таргет група на владејачката партија се младите луѓе со веќе видени мерки по серијата популистички решенија за пензионерите во изминатите изборни циклуси. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деновиве повторно најави нови мерки во повеќе градови во склоп на проектот „Македонија за младите, младите за Македонија“, како вработувања, амфитеатри, стипендии, скејт паркови.

Студентските домови, студентскиот стандард, нашата рак-рана младинското иселување, партиските вработувања, тоа се прашања кои сериозно го разоруваат македонското општеството, а и електоратот на ВМРО-ДПМНЕ. Така што сега се сетија на внуците на пензионерите.

Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум вели дека тие се против овие мерки бидејки не ги решаваат суштинските проблеми на младите луѓе.

„Како што беше претходно за пензионерите за бањите, сега така е за младите. Не ми текнува точно на мерките со оглед на тоа дека многу мерки се промовираат, а не знам дали истите се издржани, а истите не го решаваат суштински проблемот на младите, особено студентските проблеми“, вели Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

Претходно измината година Студентскиот пленум и даде рок на Владата да се повлече од новиот закон за високо образование со кој се предвидуваше и екстерното тестирање за студентите, како и други непопуларни решенија во високото образование и бидејќи тоа не се случи тие излегоа на масовни протести, а по ова следуваа и средношколски протести. Ова сега со мерките значи дека дека популизмот постепено почнува да се шири на младата популација, што е последица од незадоволството на младите луѓе кои по правило се побунтовно ориентирани, вели Туфегџиќ.

„Студентските домови, студентскиот стандард, нашата рак-рана младинското иселување, партиските вработувања, тоа се прашања кои сериозно го разоруваат македонското општеството, а и електоратот на ВМРО-ДПМНЕ. Така што сега се сетија на внуците на пензионерите. И мислам дека екот ќе оди така за да не се сопнува повторно ВМРО-ДПМНЕ, па и ДУИ на младинскиот отпор кој добиваше се поголема јачина во изминатата година и нешто“, вели Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

Дека незадоволството меѓу младите луѓе почнува да расте, анализираат и дел од експертите кои нагласуваат дека ставот на Владата кон нив почнал да се менува од тие причини. Професор Темелко Ристески бара од Владата да го реши суштинскиот проблем во државата е тоа е невработеноста и иселувањето на младите луѓе, нагласувајќи дека причината поради растечкото незадоволство на младите луѓе се овие предизвици.

„Нагласен е веќе притисокот на младите воопшто во јавноста да се решаваат нивните проблеми. Се зборува во средствата за информирање, во јавноста воопшто за огромен број иселени млади луѓе за немање на перспективи на младите. И Владата сега ја насочува својата фокусираност кон решавање на проблемите на младите“, вели тој.

Претходно Владата со своите мерки ги зголеми пензиите на лицата со најниски примања, додека оние што имаат повисоки пензии добија минимално зголемувања од 600 денари. Експертите го критикуваа ова минимално зголемување на пензиите со повисок износ порачувајќи дека тоа е против уставно.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG