Достапни линкови

Путиновиот „Руски свет“ дел од УКИМ


Отворање на Руски центар во Бугарија.

Отворање на Руски центар во Бугарија.

Основач на Фондот „Руски Мир“ е претседателот на Русија Владимир Путин, а опфаќа 105 центри во 45 земји во светот, од Финска до Еквадор, од Јапонија до САД. Рускиот центар при УКИМ ќе биде 106-ти центар во оваа мрежа.

Руски центар кој ќе го промовира рускиот јазик и култура ќе почне да работи во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски вели дека отворањето на Рускиот центар се случува по двегодишни подготовки. Центарот е организациска единица во состав на Универзитетот, а се отвора во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Фондот „Руски Мир, вели Стојковски. Основач на Фондот „Руски Мир“ е претседателот на Русија Владимир Путин, а опфаќа 105 центри во 45 земји во светот, од Финска до Еквадор, од Јапонија до САД. Рускиот центар при УКИМ ќе биде 106 центар во оваа голема мрежа, додава ректорот. Запрашан каков бенефитот ќе имаат студентите од ваков центар, Стојковски вели дека бенефитот не само за студентите, туку и за граѓаните ќе биде голем. Тој вели дека самиот податок дека во 45 земји во светот се отворени Руски центри, покажува дека интересот во светот за изучување на рускиот јазик се зголемува.

Мапа на Руски центри во светот, финансирани од руската Фондација Руски мир.

Мапа на Руски центри во светот, финансирани од руската Фондација Руски мир.

„Во таа насока, сите заедно, и одговорните во образовниот систем и ние во академската заедница, мораме да направиме максимални напори да го подигнеме нивото на изучувањето на рускиот јазик на сите нивоа на образование, од основно до високо. Се надевам дека во сите тие напори, Рускиот центар ќе има значаен придонес“, додава Стојковски.

Во таа насока, сите заедно, и одговорните во образовниот систем и ние во академската заедница, мораме да направиме максимални напори да го подигнеме нивото на изучувањето на рускиот јазик на сите нивоа на образование, од основно до високо. Се надевам дека во сите тие напори, Рускиот центар ќе има значаен придонес.

Рускиот центар со финансиска помош од Фондот „Руски Мир“ ќе биде опремен со најсовремена компјутерска, мултимедијална и дидактичка опрема.

„Тука, научниците ќе можат да имаат пристап за пребарување до најголемите руски бази на научни податоци, заинтересираните да го изучуваат рускиот јазик на сите нивоа, а сите кои имаат желба да се запознаат и да ја изучуваат руската култура, руската литература, филм и се што е поврзано со Русија“, вели Стојковски.

Секоја голема држава сака да се негува нејзината култура и да го направи нејзиниот јазик подостапен надвор од границите на земјата, вели поранешниор дописник на Нова Македонија од Москва Мирче Адамчевски.

„Фондот Руски мир е дел од стратегијата на Владимир Путин за настап на Балканот, но и пошироко во целиот свет, затоа што Русија политички го загуби Балканот, тоа е факт одамна, и сега Русија настапува на Балканот со култура и со економија. Руски центар на Фондацијата Руски мир како дел од таа стратегија се отвара и во Македонија, но да не заборавиме дека тој веќе е присутен на Балканот и низ светот“, вели Адамчевски.

Тој потсетува дека во земјава има британски, американски, германски, француски, кинески јазични катчиња и додава дека секој центар што ќе работи на полето на културата треба да биде добредојден.

Фондацијата Руски мир(во превод Руски свет) е создадена со декретот на претседателот Владимир Путин во 2007 година. Организацијата е финансирана од руската влада и има за цел промовирање на рускиот јазик, формирање на „руски свет“ како глобален проект и соработката со Руската Православна Црква во промовирањето на вредностите.

На веб страницата на Фондацијата Руски мир (russkiymir.ru) е наведено дека организацијата спроведува меѓународен културен проект за развој на руски центри во партнерство со образовни организации низ целиот свет. Во рамки на проектот Фондацијата поддржува студиски програми на руски јазик во странство, развој на меѓукултурен дијалог и зајакнување на врските меѓу Русија и земјите каде се отвораат вакви центри.
Отворањето рускиот центар во Скопје е закажано за 11 јануари, а се очекува да присуствуваат ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, членови на Ректорската управа и Сенатот на УКИМ, членови на Владата на РМ и претставници на руската бизнис-заедница во Македонија.

Отворањето на Рускиот центар доаѓа во време на засилено влијание на Русија на Балканот, а руското влијание, според дел од експертите се интензивира и во Македонија. Во меѓувреме во земјава има спортски клубови во сопственост на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој во соработка со скопската општина Аеродром ја изгради и салата Јане Сандански, а во близина се наоѓа и неговиот хотел Русија. Во истата населба лани летото почна изградба и на првата руска црква на која исто така донатор е Самсоненко. Руската компанија Лукоил првата бензинска во земјава ја отвори во 2006 година и во моментов има 27 бензински станици. Во земјава присутни се и компаниите Солвеј, Гришко, Протек груп, а во јавноста се шпекулира и дека зад Балкан Енерџи Груп стои руската Синтез груп.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG