Достапни линкови

Русија фрла ракавица во Македонија и на Балканот


Џефри Гедмин.

Џефри Гедмин.

Колумна на Џефри Гедмин, висок соработник на Факултетот за дипломатија на Универзитетот во Џoрџтаун, висок соработник на консултантската компанија „Блу стар Стратеџис и ко-директор на Трансатланскиот проект за обнова“. Гедмин е поранешен директор на Радио Слободна Европа. Тој во колумна за магазинот Викли стандард, објавена минатата недела, ја објаснува состојбата во Македонија и на Балканот и прашува дали САД има план за тоа? (преведе Пелагија Стојанчова).

Еден пријател од Украина, кој живее во Киев, по средбата со делегација млади Руси, ми пиша меил: „Младите руски дипломати се тотално страшни. Маниплулација, пропаганда, се перчат со победата во источна Украина, оваа нова генерација е дури полоша од претходните. Ќе имаме голем проблем со Русија, уште долго, долго време“, стоеше во мејлот.

Русија ја фрли ракавицата на Балканот минатата есен, јавно изјавувајќи дека Кремљ ќе го смета како провокација секое понатамошното проширување на НАТО на Балканот.

Тоа е она што многу Македонци го мислат за Москва и за Балканот. Јас сум тука ( во Македонија) како дел од стратетешка група со која претседава македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД, кој, исто така, беше главен преговарач во „спорот за името“ со Грција.

На прв впечатк, Македонија е прекрасна земја и полна со живот. Во јунските летни ноќи, улиците во Скопје се полни со млади луѓе, а во кафулињата се бара место повеќе. Атмосферата ме потсетува на Солун, главниот град на грчка Македонија. Но освен тоа, додека грчката економија продолжува да тоне, македонската, по Ирска, е најбрзо растечка економија во Европа. Од друга страна владата и опозицијата, и двете страни даваат поддршка за влез во НАТО и во ЕУ. „Идеологијата не е битна тука, вели еден тукашен висок претставник, „битно е преживувањето“, вели тој.

И навистина е така. Две ипол децении пред почетокот на Првата светска војна, Бизмарк рекол дека „еден ден ќе дојде до големата европска војна која ќе произлезе од некоја глупост на Балканот.“ На 28 јуни 1914 година, надвојводата Франц Фердинанд од Австрија и неговата сопруга Софија беа убиени во Сараево. Атентатот имаше за цел политички да се одвои јужнословенската провинции од Австро-Унгарија. Непријателството меѓу Австро-Унгарија и Кралството на Србија брзо потоа доведе до Првата светска војна. Оттогаш нема крај на интригите, предавството и насилството. Границите на Балканот беа прецртувани по Првата светска војна и повторно по Втората светска војна. По релативниот мир за време на Југославија, во годините на Студената војна, во деведесеттите година на минатиот век регионот повторно беше распнат.

Русија повторно тргна да ја дели Европа на два дела. Од Балтикот до Балканот, Кремаљ ги оспорува демократските и стратешките успеси постигнати во изминатите дваесет години. Слободна и цела Европа? Не, се уште не.


Во 2001 година, Македонија успеа да избегне граѓанска војна откако вооружени бунтовници на албанската Ослободителна национална армија почнаа со напади врз безбедносните сили на земјата. Но тоа не значи дека за секогаш е обезбедено внатрешно спокојство во семејството. Минатиот месец, пак, имаше триесетчасовна вооружена престрелка меѓу полицијата и милитанти, етничките Албанци, во северниот пограничен град Куманово.

Неодамна домашни политички битки ја потресоа оваа мала нација. Опозицијата го обвини раководството за масовно прислушување на судии, новинари и други високи претставници во земјата. Двајца високи владини претставници, поднесоа оставка, истрагите се во тек, а премиерот повика на нови избори до април. Во меѓувреме во делот „балкански интриги“ се поставува прашањето како тајните снимки на прислушуваните разговори дошле во рацете на опозицијата? Владата е уверена дека тоа е дело на странски разузнавачки служби за дестабилизација на земјата, но никој не може да се одговори за кого станува збор, дали тоа е Грција, Бугарија, Албанија, Косово. Или Русија.

Проширувањето на НАТО е клучно за оджрувањето на мирот и сигурноста во овој дел на светот. Доколку не успееме во тоа, ќе имаме голем проблем со Русија и тоа уште долго време.


Русија ја фрли ракавицата на Балканот минатата есен, јавно изјавувајќи дека Кремљ ќе го смета како провокација секое понатамошното проширување на НАТО на Балканот. Украинците веќе видоа дека дури и скромни чекори за приближување кон ЕУ се неприфатливи за Москва. Грузија беше нападната од страна на Русија во 2008 година, затоа што сакаа демократија и евро-атланската интеграција на земјата.

Не треба многу да се сфати дека ова е дел од некој поголем проект. Со помош на шпионажа и енергетска зависност, сајбер тероризам и пропаганда, поддршка на екстремистички партии и дипломатски притисок и војна, доколку е потребно, Русија повторно тргна да ја дели Европа на два дела. Од Балтикот до Балканот, Кремљ ги оспорува демократските и стратешките успеси постигнати во изминатите дваесет години. Слободна и цела Европа? Не, се уште не.

Соединетите Држави веднаш треба да донесат стратегија за Европа во која ќе биде вклучено и проширување на НАТО, во кое ќе биде вклучена и Македонија. Проширувањето на НАТО е клучно за оджрувањето на мирот и сигурноста во овој дел на светот. Доколку не успееме во тоа, ќе имаме голем проблем со Русија и тоа уште долго време.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG