Достапни линкови

Македонија ја користи ситуација, го зголемува извозот во Русија


Илустрација.

Илустрација.

Во услови на „војна со санкции“ меѓу Москва и Западот, Македонија го зголемува извозот во Русија. Дали вредат закочените евроинтеграции на сметка на зголемување на економската соработка со Русија?

Сè додека нема законски пречки, ние ќе се трудиме да го зголемуваме извозот во Русија, вели претседателот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев на прашањето дали стравуваат од евентуално откочување на македонските евроинтеграции со што земјава ќе има обврска да се приклучи на западните санкции против Руската Федерација.

Ние, со отворањето на овие патишта ќе бидеме доволно конкурентни и нашите продукти ќе имаат свој купувач во Руската Федерација. Ако досега, сликовито да кажам, сме имале 5 или 10 сантиметри на полица, можеби тој простор каде што ќе можеме да испорачуваме стоки и услуги ќе се зголеми, така што не гледам причина зошто би требало да го загубиме тој пазар.

Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека трговската размена меѓу Македонија и Русија во првите шест месеци од годинава е двојно поголема од истиот период минатата година, односно од 55 милиони евра, по воведувањето на контра санкциите од Русија против ЕУ, е зголемена на скоро 103 милиони евра, иако извозот расте многу побавно од увозот.

Македонија ја искористи „војната со санкции“ меѓу Русија и Западните земји, но Бешлиев не очекува дека со евентуално затоплување на односите меѓу Москва и Западот, земјава ќе го изгуби рускиот пазар.

Големо прашање е дали вреди една ваква ориентација којашто ги загрозува нашите основни стратешки цели декларирани во 1991 година, меѓутоа нереализирани 25 години подоцна. Лично сметам дека влегувањето во сојузите и плаќањето на цената да си дел од нивната политика е повредно отколку некаков краткорочен ќар којшто нема некоја долгорочна перспектива за Македонија, којашто е земја лоцирана во регион којшто забрзано се движи кон евроатлантските интеграции.

„Ние, со отворањето на овие патишта ќе бидеме доволно конкурентни и нашите продукти ќе имаат свој купувач во Руската Федерација. Ако досега, сликовито да кажам, сме имале 5 или 10 сантиметри на полица, можеби тој простор каде што ќе можеме да испорачуваме стоки и услуги ќе се зголеми, така што не гледам причина зошто би требало да го загубиме тој пазар“, вели тој.

По руската анексија на Крим од Украина, западните земји пред околу година и половина воведоа санкции против Москва. Русија пред една година одговори со контра санкции за увоз на прехранбени производи од западните земји. ЕУ лани побара и од Македонија да се воздржи од преземање мерки за поттикнување на извозот кон Русија, но земјава не се приклучи кон санкциите против Москва.

Дел од аналитичарите тогаш коментираа дека Македонија нема обврска да се приклучи кон санкциите, а и нема многу да добие од тоа, додека други, пак, сметаат дека санкции треба да се воведат за земјава да покаже дека токму во Унијата го гледа својот стратешки партнер.

Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески вели дека одложувањето на евроинтеграциите ја остави Македонија да бара економски алтернативи на друго место.

„Големо прашање е дали вреди една ваква ориентација којашто ги загрозува нашите основни стратешки цели декларирани во 1991 година, меѓутоа нереализирани 25 години подоцна. Лично сметам дека влегувањето во сојузите и плаќањето на цената да си дел од нивната политика е повредно отколку некаков краткорочен ќар којшто нема некоја долгорочна перспектива за Македонија, којашто е земја лоцирана во регион којшто забрзано се движи кон евроатлантските интеграции“, вели Малески.

Податоците на Државниот завод за статистика, сепак, покажуваат дека извозот во Русија е многу помалку зголемен отколку увозот на руски производи во Македонија. Имено, извозот во првите шест месеци годинава, во однос на истиот период лани е зголемен од 10 на 12,5 милиони евра, додека изразен во долари речиси и да нема зголемување, додека увозот во истиот период е зголемен од 45 на 90 милиони долари. Бешлиев, пак, вели дека податоците на руската статистика покажуваат сосема поинакви резултати. Според руската статистика, во првите шест месеци годинава од Македонија во Русија се извезени производи во вредност од 46 милиони долари и оти извозот на земјоделски производи е зголемен од 13 на 26 милиони долари. Бешлиев вели дека оваа разлика се должи на неусогласеноста на параметрите за покажување на трговската размена и поради тоа за 20 дена ќе има комисија меѓу двете земји за да ги усогласат бројките.

Македонско-руската стопанска комора соопшти дека, по извршениот инспекциски надзор, руските власти им дале дозвола за извоз на млечни производи на рускиот пазар на Балканска млекара - Скопје, Бучен Козјак и на Здравје Радово.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG