Достапни линкови

Јанева им беше добра додека не почна да работи


Кога беше избрана, специјалната обвинителка доби пофалби и од власта и од опозицијата. Сега, пак, е на удар на негативна кампања од власта.

Петнаесетти септември беше единствениот ден кога првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Груевски и Заев, дадоа речиси исти изјави за специјалната јавна обвинителка.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека се работи за опструкции на нејзиното работење, затоа што тоа им е во интерес, од причина што, ако таа ефикасно работи, секако дека ќе се најдат под удар на законот некои од нивните членови што се на највисоки позиции во партијата и во власта, мислам на оние од т.н. бомби на Заев.

„Би сакал да го изразам моето задоволство од изборот на специјален обвинител, како и од постигнатиот договор за законот за специјален обвинител. Исто така би сакал да кажам дека личноста која беше избрана, според информациите кои што ги добив, се работи за личност којашто е висок професионалец, а има поминато и меѓународни обуки во Америка, во Италија и во други држави“, рече Груевски.

„Јас сум повеќе од задоволен поради тоа што имаме закон кој гарантира целосна автономија. Се работи за обвинител кој нема никаква партиска припадност, ја има поминато програмата во Сицилија, Фалконе“, рече тогаш Заев.

Сега, пак, ставовите се сосема различни. Јанева поданички и додворувачки побрза да му удоволи на Заев, а ние веќе не веруваме во независноста на обвинителката, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Јанева одлучи да не побара продолжување на притворот за првоосомничениот во Пуч, Зоран Верушевски. И претходно, медиумите кои во јавноста важат за блиски до власта, ја обвинуваа Јанева за поврзаност со СДСМ, а во секој нејзин чекор бараа опозициска заднина.

„Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека се работи за опструкции на нејзиното работење, затоа што тоа им е во интерес, од причина што, ако таа ефикасно работи, секако дека ќе се најдат под удар на законот некои од нивните членови што се на највисоки позиции во партијата и во власта, мислам на оние од т.н. бомби на Заев“, вели професор Темелко Ристески.

Според аналитичарот Алајдин Демири, пак, ваквото однесување на владејачката партија ќе продолжи, оти, како што вели, на нив им било јасно оти таа сакала да расчисти со криминалот. СДСМ засега, пак, се воздржува од јавни етикетирања на Јанева, но обвинителството минатата недела повторно укажа дека очекуваат СДСМ да им ги предаде прислушуваните материјали.

„И СДСМ кокетира многу со тие материјали, пред сè кога станува збор за Смилковското Езеро и за некои други материјали, така што сите тие се отежнителни околности за обвинителката. Во суштина значи дека таа ќе има многу тешка задача и тешко ќе исплива од оваа состојба“, вели Демири.

Во меѓувреме, преговорите за целосно спроведување на договорот од Пржино стојат во место. Подолг период се закочени всушност кај прашањето за медиумите, а како што велат извори вклучени во разговорите нема никакво помрднување или приближување на ставовите. Откако би се затворило тоа прашање, што е неизвесно кога би се случило, следно треба да се разговара и за методологијата со која Државната изборна комисија ќе го прочистува Избирачкиот список, велат опозициските извори, а потоа и за прашањата кои ги најави посредникот Ванхауте поврзани со Антокорупициската комисија и со Народниот правобранител. Некакво интензивирање се очекува по празниците во јануари, што може да се поклопи со доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG