Достапни линкови

Светла иднина


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Жално е што политичкото учество на младите се сведе на спонзорирани од власта „лидерски школи“, средби на потесни партиски кругови на кои „се решавало за иднината на младите“, пишува претседателот на УМС на ВМРО-Народна партија Дино Блажевски во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Се прашувам, зошто ако толку им сметаат на народот актуелните политичари, не ги поддржуваат младите политички надежи, кои, пак, поради апатијата вперена кон нив, молчат, а ги има во доста респектабилна количина?! Нели е логично кога се бара нова сила, нова енергија која би ја презела одговорноста за Македонија поддршката првенствено да ја добие од оние кои тоа и го бараат или се лажам?!

Иднината на младите се решава заедно со сите млади, а не затворени по партиските простории на некакви си средби во кои пратеници и локални моќници мудруваат за некакви времиња кога тие „мудрувале“ по локалните комитети.

Жално е што политичкото учество на младите се сведе на спонзорирани од власта „лидерски школи“, средби на потесни партиски кругови на кои „се решавало за иднината на младите“. Ајде, Ви се молам.

Иднината на младите се решава заедно со сите млади, а не затворени по партиските простории на некакви си средби во кои пратеници и локални моќници мудруваат за некакви времиња кога тие „мудрувале“ по локалните комитети. Доволно се изнаслушавме за помпезностите околу некаквите лидерски школи, средби за „изнаоѓање на решенија“. Ајде да поминеме едно ниво погоре и да ги запрашаме што мислат младите, дали доволно се слуша нивниот глас во парламентот и зошто не? Иако решението е пред сите, зошто никој не го применува? Зарем ќе дозволиме во Македонија регенерацијата на политичката сцена да се случува на секои дванаесет години?!

Зарем со учеството на само еден млад пратеник во Собранието после не знам ни самиот веќе колку години сме ги решиле сите проблеми со активното учество на младите во демократските процеси, зарем само еден млад пратеник од сите активни млади политичари е гласник на младите во ова затруено општество на пензионери и административци кои ги има еден тон? Реално за ваквата ситуација подеднаква одговорност како и младите имаат и партиските лидери кои скоро и да ги затвораат вратите кон домот преку кој истите тие кога биле млади, нели, се избориле за некаква промена во нивното општество.

И кога би се навратиле на омилената и најговорената парола „на младите светот останува“, ако судиме по виденото се плашам дека иднината во која на младите им останува светот и не е баш така светла. И ние младите кои наводно треба да сме иднината наместо да се бориме за унапредување на општеството во Македонија, токму ние, младите, после првото разочарување запаѓаме во летаргија па се задоволуваме и со она малку трошки што и во моментов ги фрла власта, скроз погрешно.

Фала Богу, имаме очи да гледаме што се случува, уши за да ги слушнеме проблемите и уста за да го кажеме она што сакаме. Реално вистинскиот проблем се пронаоѓа во пасивноста на македонското општество особено во фактот дека статусот кво е единствената реалност која ја спознаваме последниве дваесет години. Но, дел од оваа одговорност ја превземаме и ние кои делуваме по принципот два напред, пет назад.

Како и да е веќе доаѓаме до моментот кога треба да се направи граница. Е тогаш, на сцена излегуваат нови генерации освестени млади кои водени од стремежот за промени отвораат нова страница во општеството.

Токму ние сме младите кои треба да го подигнат бранот на промените, млади кои треба да ја водат државата за сите и за поколенијата кои допрва ќе доаѓаат. Најважно во овој момент е да ги совладаме бариерите кои не делат и да го подигнеме својот глас за подобро утре.

Патем за крај еден умен цитат на Абрахам Линколн кој вели: „Извесно време можеш да го лажеш целиот народ, дел од народот можеш да го лажеш цело време, но никогаш не можеш да го лажеш целиот народ цело време“.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG