Достапни линкови

Активирај се!


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Колку побрзо младите го разберат терминот „политика“ и јасно прават дистинкција со „зборот партија“, толку побрзо ќе созреат и ќе го подигнат нивото на свест помеѓу себе и своите врсници, пишува претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија, Дино Блажевски, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Помина летниот распуст, кризните политички моменти од кои и сега се чувствува тензија во атмосферата, СДСМ се врати во парламент, партиите вработија и специјален обвинител, но младите, како и секогаш, се маргинализирани од крајности во крајности.

Листајќи по младинските портали низ Европа, сфаќам колку Македонија назадува во поглед на пристапот кон младите, но и по проблемите со кои се соочуваат младите во Европа.

Како намерно да се чека некаков одек, како уривањето на дотраено-дотраениот таван на дотраениот студентски дом „Гоце Делчев“, кој веќе почна да се урива над главите на студентите. Па и тогаш прашање е дали некој ќе го впери прстот кон надлежните институции наместо вината да ја бараат во самите студенти?! Досега најзабеганата констатација некогаш слушната, а од друга страна, пак, и оправдана, кога ќе сфатиме дека на државата приоритет ѝ е Панорамско тркало, наместо објект кој е од суштинско значење за истите тие студенти.

Листајќи по младинските портали низ Европа, сфаќам колку Македонија назадува во поглед на пристапот кон младите, но и по проблемите со кои се соочуваат младите во Европа. На пример, некои анкети покажуваат дека наместо парковите, младите почесто ги посетуваат трговските центри и молови, а што да кажеме ние кога токму од моловите и трговските центри немаме еден парк, па и оној што преостана во Скопје и тој ќе го снајде она што ги снајде мнозината зелени површини. Ништо поразлично не е ни во другите градови. Жално е што сè се сведува на кафулиња, кафеани, обложувачници, а кога ќе дојде нож до грло без никаква иницијатива, на готово да си го добијат она што им следува, а за кое треба самите да се изборат. Не сакам ни да помислам дека во 21 век македонската младина се соочува со активистичка апатија.

И ете, кога конечно ќе помислиш дека работите тргнале на вистинскиот пат, ќе се најде некоја „институција“, која (би требало да) се занимава со младите и ќе го уназади процесот кој го имплементирале младите изминатиов период преку одење по трнливиот пат кон целта наречена младинско учество во процесите на одлучување.

Мое мислење е колку побрзо младите го разберат терминот „политика“ и јасно прават дистинкција со „зборот партија“, толку побрзо ќе созреат и ќе го подигнат нивото на свест помеѓу себе и своите врсници.

Уште колку пати треба да се напомене дека партиските подмладоци функционираат заради организирано и структурирано делување, креирање политики за млади, борба за подобар пристап, но и подобро место во општеството и она што веќе требаше Македонија да го има, а тоа е токму младинското учество во процесите на одлучување. Тие партиски подмладоци треба да се отворени за млади кои се спремни со своите идеи и иницијативи да излезат на мегдан со останатите младинци од останатите подмладоци и преку дебати и размена на мислења да го унапредуваат животот на младите во една држава. Колку е едноставно и просто да се напише и прочита, но тешко да се имплементира во реалноста.

Мое мислење е колку побрзо младите го разберат терминот „политика“ и јасно прават дистинкција со „зборот партија“, толку побрзо ќе созреат и ќе го подигнат нивото на свест помеѓу себе и своите врсници. Преголемата институционална партизираност е можеби проблемот, но кој да понуди, кој да излезе со иницијатива и решенија, кој да ја понесе промената ако не ние, младите.

Во претходната колумна напишав: Ние не сакаме да бидеме производ на својата околина, туку околината да биде наш производ!

Активирај се и направи промена!

XS
SM
MD
LG