Достапни линкови

Одолговлекувањето на решението на оваа политичка криза доведува до нови жаришта на насилија, некои луѓе се обесхрабруваат и посегнуваат по онаа алатка која најлесно и најглатко поминува во таквите моменти – насилството, пишува претседателот на УМС на ВМРО-НП Дино Блажевски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Како што поминува времето, така кризата сè подлабоко и подлабоко ќе навлегува во порите на општественото живеење. Она што деновиве го доживуваме најверојатно ќе потрае и тоа не поради граѓаните кои полека но сигурно ја сфаќаат играта на една мала група на (не)луѓе кои токму без народот се никој и ништо, туку поради немањето свое јас, одговорност пред луѓето кој ги довел на тоа место каде што сега се.

Илјадниците граѓани кои се собраа пред вратите на Владата беа само почеток на она што не очекува наредниов период особено ако го земеме предвид и тоа дека допрва доаѓа доста сензитивна „бомба“ од Бихаќка.

Кога пред некоја недела пишував за амнестијата како алатка која го прекинува ланецот на насилства мислев токму на ова. Одолговлекувањето на решението на оваа политичка криза доведува до нови жаришта на насилија, некои луѓе се обесхрабруваат и посегнуваат по онаа алатка која најлесно и најглатко поминува во таквите моменти – насилството.

Илјадниците граѓани кои се собраа пред вратите на Владата беа само почеток на она што не очекува наредниов период особено ако го земеме предвид и тоа дека допрва доаѓа доста сензитивна „бомба“ од Бихаќка.

Па додека во Скопје народот ги зема работите во свои раце сакајќи да ја оправда својата улога во општеството и додека воКуманово и кумановско траат „драмите“ кои ги режира таа „мала група“, дали се запрашавте зошто баш денеска, зошто токму некакви си вооружени групи кои така едноставно и лесно можат да преоѓаат граници и да се возат низ Македонија вооружени до заби, а полицијата за тоа да не ги санкционира, можејќи каде сакаат и во било кое време да „удрат“ на некој простор, зошто секогаш мора да се навраќаме во 2001-та?

Сигурен сум дека и покрај многуте „зошто“ народот ја научи лекцијата и покрај тешката и напнатата ситуација ќе смогне сили заедно со своите пријатели и комшии да ги преброди овие извештачени моменти на слабост на владата и со заеднички сили да стави крај на ова уништувачко, злосторничко здружување.

Многу ми е жал што таа злосторничка дружина се крие под превезот на историското ВМРО па најверојатно истото тоа ВМРО ќе го снајде она што го доживеа пред седумдесеттина години, да биде плукано и омаловажувано и сето тоа поради неодговорноста и неморалноста на токму таа мала злосторничка дружина.

Сакам да ги охрабрам младите без разлика на која општествена група припаѓаат, на која етничка или верска припадност, јасно и гласно, мирно и сплотено, рамо до рамо со своите другари, колеги, роднини да се избори за она најсуштественото, најпосакуваното, за она што генерации наназад крвареле и ги дале животите – Слободата.

Многу ми е жал што таа злосторничка дружина се крие под превезот на историското ВМРО па најверојатно истото тоа ВМРО ќе го снајде она што го доживеа пред седумдесеттина години, да биде плукано и омаловажувано и сето тоа поради неодговорноста и неморалноста на токму таа мала злосторничка дружина.

Да ја оставиме историјата на страна, барем перидов додека Македонија по којзнае кој пат се бори за слобода и по којзнае кој пат мора да ги преживува стресните ситуации од пред петнаесеттина години.

Ни преостанува само да ја активираме решителноста која се крие во нас пропратена со разумот и одговорноста и да кажеме ДОСТА Е! Доста некој друг ја одредува животната приказна во наше име, доста за разните разнебитувачки сценарија кои носат само поделби и омраза. До тука било...

За крај би сакал во стилот на власта да им порачам дека:
Долга е раката на фамилијата но краток е фитилот на народот!

XS
SM
MD
LG