Достапни линкови

Млади во политика – потреба на иднината


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Доаѓаат жешка есен и зима, нема да дозволиме ниту еден млад човек да падне во зимски сон. Спремни и полни со енергија ќе се потрудиме преку нашите акции да ги потсетиме младите колку е важно да се земе работата во свои раце, да се реагира и да се чувствува корисен, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Реченицата „водењето политика во согласност со општеството“ не треба да биде изговор за избегнување на одговорноста, туку наместо тоа би требало да се истакне еден многу важен факт: политиката на младите не треба да биде одбранбен ѕид за грешките од минатото или пак сегашноста, туку таа треба да се сконцентрира на потребите на иднината. Во тоа припаѓа и развојот на нови мисли и идеи во сооднос со променливите потреби и вредности на нашето општество.

Ние сакаме Македонија со која ќе се гордееме, Македонија на еманципирани и образовани креативни млади луѓе, спремни за акција, за преземање на иницијативи, млади желни за одговорност.

За да се остварат овие цели, политичките партии треба да имаат големо и разнолико членство, луѓе кои се застапени во сите сфери од животот. Треба да се вклучуваат повеќе спротивставени мислења кои би поттикнале расправа преку која би се довело до некое решение на некој од многуте проблеми со кои се соочуваат младите.

Да се разбереме, спротивставените мислења поттикнуваат развој на духот, создавање на критичко мислење се додека за сопствените идеали се бориме достоинствено.

Проблемот настанува кога борбата ќе прерасне во примитивно спротивставување на сила, физички пресметки со оние кои не можат или пак не сакаат да возвратат со иста мера. Така всушност се создава состојбата која ја мачи Македонија со години. Сето тоа резултира со ситуација да сите всушност важни работи кои ја красат државата да бидат фрлени во сенка на конфликтите помеѓу нас самите.

И преку потребно е да ги спречиме проблемите пред да настанат. Младите знаат дека насобраната негативна енергија може да се канализира така што едни со други ќе се сослушаме, разбереме и помогнеме. Ние сакаме Македонија со која ќе се гордееме, Македонија на еманципирани и образовани креативни млади луѓе, спремни за акција, за преземање на иницијативи, млади желни за одговорност.

Сакаме млади кои преку дијалог, спротивставени ставови и мислења ќе доаѓаат до решенија на проблеми, оние кои токму најмногу им одговараат на нив.

Сакаме млади кои преку дијалог, спротивставени ставови и мислења ќе доаѓаат до решенија на проблеми, оние кои токму најмногу им одговараат на нив.

Како и досега ќе докажеме дека не сме тука да играме политика туку храбро да зачекориме напред со крената глава, да застанеме на патот на насилството, да се спротивставиме на менталитетот на омраза.

Доаѓаат жешка есен и зима, нема да дозволиме ниту еден млад човек да падне во зимски сон. Спремни и полни со енергија ќе се потрудиме преку нашите акции да ги потсетиме младите колку е важно да се земе работата во свои раце, да се реагира и да се чувствува корисен.
Трошка волја е доволна за да предизвика лавина од промени!
Ние сме спремни да се бориме за Македонија која би се гордееле без разлика каде се наоѓаме, кога и пред кого. Ние не сакаме да бидеме производ на својата околина туку околината да биде наш производ!

XS
SM
MD
LG