Достапни линкови

Рамковен договор, мартовски договор, договор од Пржино... Сите големи кризи во Македонија во изминатите две децении се решавани со странска помош или притисок. Зошто македонските политичари се неспособни сами да најдат компромис?

Хавиер Солана, Франсоа Леотар, Џорџ Робертсон, Џејмс Пердју во 2001 година беа чести гости во Македонија, па по долги и мачни разговори со тогашните македонски политички првенци се донесе охридскиот договор. Во 2013 година, пак, во Скопје неколкупати престојуваа тогашниот еврокомесар за проширување Штефан Филе и известувачот за Македонија на Европскиот парламент Ричард Ховит. По разговорите за кризата што следуваше по 24 декември кога опозициските пратеници беа исфрлени од собранието, во резиденцијата на претседателот Иванов, Ховит објави дека е постигнат мартовскиот договор.

Луѓе што во својата свест се наследници на едно авторитарно наследство, кои во својот живот не искусиле демократија, не знаат што е толеранција, не знаат што е дијалог, не знаат што е почитување на мислењето на другиот, не знаат што е компромис треба да се снаоѓаат во светот на демократијата каков што се гради од Втората светска војна наваму во Европа.

Сега, веќе неколку месеци амбасадорите на ЕУ и на САД имаат доста работа со македонските политичари, а актуелниот еврокомесарот Јоханес Хан имаше изненадувачко долги престои во резиденцијата на ЕУ во Пржино, сè додека по неколку повеќечасовни разговори се постигна т.н. пржински договор.

Во овие 24 години независност, Македонија има неколку клучни договори за нејзината иднина, а заедничко за сите е тоа што и покрај тоа што се изворно домашни се донесени со силно посредство на меѓународниот фактор. Во оваа саботна емисија анализираме зошто е тоа така и зошто секое спроведување понатаму е мачно.

Втората причина е што македонските политичари имаат обичај да одат конфронтирачки и со максималистички барања пред своето членство, а потоа се доведуваат во ситуација во која нужно мора да направат компромис. Тој компромис, пак, во Македонија не се сфаќа како дел од културата на демократијата, туку како пораз и во таква ситуација на нашите политичари им е полесно пред своите приврзаници и членството да ги продадат своите отстапки како резултат на притисок од надвор отколку како нужен механизам во рамките на една демократија.

На 13 август се навршија 14 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој во 2001 година се стави крај на вооружениот конфликт. По потпишувањето, дел политичари и други личности од јавната сцена упатуваа сериозни критики за содржината на договорот, прогласувајќи крај на државата каква што постоела дотогаш. Други, пак, го сметаат за документ кој ја спаси Македонија од граѓанска војна која ви донела трагични последици. Но, сите се согласуваат дека до него не можеше да се дојде ако странците не инсистираа на тоа. Демократијата во својата најдлабока суштина е состојба на умот на луѓето, а таа се менува многу споро, вели професор Денко Малески, објаснувајќи зошто различни генерации македонски политичари не можат ништо клучно да решат сами.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Луѓе што во својата свест се наследници на едно авторитарно наследство, кои во својот живот не искусиле демократија, не знаат што е толеранција, не знаат што е дијалог, не знаат што е почитување на мислењето на другиот, не знаат што е компромис треба да се снаоѓаат во светот на демократијата каков што се гради од Втората светска војна наваму во Европа“, вели Малески.

Рамковниот договор е де факто планот Б од војната во 2001 година која за живо чудо не успеа и тој ја претумба државата на начин на кој требаше да стане нефункционална. Меѓутоа и тоа не се покажа доволно успешно за државата сама од себе да се заглави и закочи, меѓутоа следат нови настани и нови договори затоа што и се наметнуваат услови на државата кои се нереални, нелегални, неприципиелни, надвор од сите меѓународни правила и прописи, така што Пржино и второјунскиот договор се само финале на еден напор оваа држава да се трансформира во нешто што одговара на туѓи интереси.

Според него, очигледно е дека било тешко во услови на сиромаштија и новите генерации македонски политичари да ги научат демократските вредности.

Според аналитичарот Здравко Савески, постојат две причини поради кои е нужен странски притисок за македонските политичари да постигнат некаков компромис. Првата е, вели, колонијaлниот пристап кој го имаат, прво до 1991 година насочен кон Белград, а сега кон западните центри на моќ. Тоа е остаток од менталитетот кој го имаа македонските политичари во поранешна Југославија, а продолжува и сега, па се чека големите одлуки да бидат донесени од некој друг, а не од нас, вели Савески.

„Втората причина е што македонските политичари имаат обичај да одат конфронтирачки и со максималистички барања пред своето членство, а потоа се доведуваат во ситуација во која нужно мора да направат компромис. Тој компромис, пак, во Македонија не се сфаќа како дел од културата на демократијата, туку како пораз и во таква ситуација на нашите политичари им е полесно пред своите приврзаници и членството да ги продадат своите отстапки како резултат на притисок од надвор отколку како нужен механизам во рамките на една демократија“, вели Савески.

Не го прифаќаме она што е напишано како содржина. Посебно во делот на правните квалификации. Извештајот претставува палома-хартија, а членовите на комисијата од СДСМ се однесуваат како деца во продавница за играчки, кои не знаат што да изберат.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, пак, не се согласува со тезите за неподготвеноста на политичарите за демократски напредок. Тој смета дека ваквите договори се целосно наметнати од странство, а не се потреба на македонското општество.

„Да бидеме сосема прецизни и јасни. Рамковниот договор е де факто планот Б од војната во 2001 година која за живо чудо не успеа и тој ја претумба државата на начин на кој требаше да стане нефункционална. Меѓутоа и тоа не се покажа доволно успешно за државата сама од себе да се заглави и закочи, меѓутоа следат нови настани и нови договори затоа што и се наметнуваат услови на државата кои се нереални, нелегални, неприципиелни, надвор од сите меѓународни правила и прописи, така што Пржино и второјунскиот договор се само финале на еден напор оваа држава да се трансформира во нешто што одговара на туѓи интереси“, вели Никовски.

Сметам дека политичките договори тешко се спроведуваат бидејќи политичките партии, особено тие што се на власт, немаат доволен демократски капацитет да ги спроведуваат договорите и да ја водат државата напред.

На сличен начин како и Рамковниот договор на чие доследно спроведување инсистираат сите меѓународни институции беше постигнат и т.н. мартовски договор. Пред повеќе од две години тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, заедно со актуелните лидери на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, со посредство најмногу на Ховит и Филе, го постигнаа договорот со кој опозицијата го прекина бојкотот и учествуваше на локалните избори. Според тој договор, требаше да се обезбеди враќање на нормалниот политички живот, сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори, да се подобри неговото функционирање, да се формира ад хок Анкетна комисија за настаните на и пред 24 декември, да се направат изборни реформи, да се подобри слобода на изразување. Но, во август истата година кога ад хок комисијата формирана според мартовскиот договор го подготви извештајот, а партиските претставници го потпишаа, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ веднаш рече дека тоа тие го сториле само заради европските интереси на Македонија, а не верувале во него.

Ова е резултат на политиката што во континуитет се води во Република Македонија, а тоа е политика на раслојување или на никаква соработка на политичките партии кои и во своите табори го прават тоа, па не само политичарите, туку и граѓаните сè повеќе го вртат грбот еден спроти друг.

„Не го прифаќаме она што е напишано како содржина. Посебно во делот на правните квалификации. Извештајот претставува палома-хартија, а членовите на комисијата од СДСМ се однесуваат како деца во продавница за играчки, кои не знаат што да изберат“, рече тогаш Димовски.

Според Малески, токму во тоа што излезот од политичките кризи, како што вели, не е производ на нашата свест и волја, спроведувањето на договореното и подоцна оди доста тешко и речиси е невозможно без притисок однадвор.

Опозицијата на 1 септември се врати во Собранието, што беше еден од клучните елементи на договорот. Друг клучен краен рок доаѓа наредната недела, на 15 септември, кога треба да биде избран специјален обвинител од четирите најголеми политички партии. Во изминативе денови многумина ме прашуваат дали има план Б ако не биде избран специјалниот обвинител. Не, нема план Б, специјалниот обвинител мора да биде назначен на 15 септември.

Савески, пак, смета дека кон спроведувањето на договореното македонските политичари се однесувале како мали деца, односно, како што вели, ако не им кажел родителот што да прават, тие ќе терале по свое.

„Втората причина е што не е прифатена основната демократска култура во која ако за нешто сте се договориле и се ставиле потпис, тогаш зад тој компромис, колку и да е на ваша штета, вие треба да стоите, бидејќи зад тоа стои вашиот потпис“, вели Савески.

Сега, по потпишувањето на т.н. договори од Пржино од 2 јуни и од 15 јули нема многу информации за тоа како тече спроведувањето. Од малкуте информации што излегоа од работата на работната група која слично како во претходните договори работи со странец, во овој случај белгискиот експерт Питер Ван Хоит, се знае дека најмногу сопки имало околу изборот и ингеренциите на специјалниот јавен обвинител за чиј избор краен рок е 15 месецов. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Никола Груевски деновиве ја уверуваа јавноста дека обвинителот ќе се избере до предвидениот рок.

Нашата политичка елита неколкупати докажа дека не е способна потешки прашања да ги реши самоиницијативно или да покаже спремност за компромис, така што секогаш во критични моменти нашите меѓународни партнери ја обезбедувале добрата волја на двете страни кај нас.

Заев рече дека специјален обвинител ќе се договори, без разлика колку и да било болно за политичките противници, а Груевски, пак, нагласи дека договорот од Пржино треба дословно да се спроведе, а специјалниот јавен обвинител требало да биде автономен и не смеело да биде на никаков начин попречуван во неговата работа.

Според аналитичарот Сефер Тахири, работите се доста сложени, а Македонија периодов се наоѓа во сериозна политичка криза и ова е еден од најтешките периоди во современата македонска историја по осамостојувањето.

Имајќи ги предвид роковите што се многу кратки и нè газат, ние доаѓаме до октомври кога треба да се објави извештајот за напредокот на Република Македонија од страна на Европската унија, така што мислам дека до октомври ние она што го имаме донесено како договори меѓу политичките партии не само што ќе треба да го договориме, туку и ќе треба да се исполнат поголемиот дел од работите предвидени во тие договори.

„Сметам дека политичките договори тешко се спроведуваат бидејќи политичките партии, особено тие што се на власт, немаат доволен демократски капацитет да ги спроведуваат договорите и да ја водат државата напред“, вели Тахири.

И професор Никола Дујовски смета дека секогаш во земјава се покажувало дека политичарите не може ништо да направат без странскиот притисок и заради тоа особено било важно и што во овој случај со договорите од Пржино Европската унија останувала посветена на спроведувањето.

„Ова е резултат на политиката што во континуитет се води во Република Македонија, а тоа е политика на раслојување или на никаква соработка на политичките партии кои и во своите табори го прават тоа, па не само политичарите, туку и граѓаните сè повеќе го вртат грбот еден спроти друг“, вели Дујовски.

Дека странците се силно заинтересирани и посветуваат внимание на работата на спроведувањето на договореното од Пржино покажуваат и бројните изјави на меѓународните претставници. Еврокомесарот за проширување Хан мината недела изјави дека во средината на месецов ќе дојде во Македонија за лично да дискутира со Скопје за напредокот во потребните реформи и ако било неопходно, како што рече, да се притисне за нив. Подоцна се прецизираше дека тој ќе дојде на 18 месецов, односно три дена по рокот за изборот на обвинителот. Но, евроамбасадорот Аиво Орав неделава потсети дека нема план Б за изборот на специјалниот обвинител, нагласувајќи дека договор мора да биде постигнат до 15 овој месец.

„Опозицијата на 1 септември се врати во Собранието, што беше еден од клучните елементи на договорот. Друг клучен краен рок доаѓа наредната недела, на 15 септември, кога треба да биде избран специјален обвинител од четирите најголеми политички партии. Во изминативе денови многумина ме прашуваат дали има план Б ако не биде избран специјалниот обвинител. Не, нема план Б, специјалниот обвинител мора да биде назначен на 15 септември“, рече Орав.

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот „Прислушување“, веднаш се јавија и неколку амбасади со реакции во кои најмногу потсетуваа на договорено. Од Амбасадата на Соединетите Американски Држави порачаа „владата и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули“. Од Амбасадата на Германија, пак, нагласија дека имаат големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител, бидејќи тој требало да обезбеди независна, транспарентна и сеопфатна правна разврска на обвиненијата за тешките престапи што произлегувале од телефонските снимки“. И амбасадата на Велика Британија потсети дека наводите што произлегле од прислушуваните разговори биле многу сериозни и за нив требало да се спроведе целосна и транспарентна истрага.

„Нашите меѓународни партнери се свесни дека ќе треба да бидат малку проактивни, поприсутни да ги убедат нашите политичари да најдат заедничко прифатливо решение. Нашата политичка елита неколкупати докажа дека не е способна потешки прашања да ги реши самоиницијативно или да покаже спремност за компромис, така што секогаш во критични моменти нашите меѓународни партнери ја обезбедувале добрата волја на двете страни кај нас“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

Според политикологот Митко Гаџовски, пак, во последниот случај странската помош е потребна и поради тоа што многу работи се договорени, а треба да се реализираат за краток период.

„Имајќи ги предвид роковите што се многу кратки и нè газат, ние доаѓаме до октомври кога треба да се објави извештајот за напредокот на Република Македонија од страна на Европската унија, така што мислам дека до октомври ние она што го имаме донесено како договори меѓу политичките партии не само што ќе треба да го договориме, туку и ќе треба да се исполнат поголемиот дел од работите предвидени во тие договори. Тоа е причината зошто тие не се спроведени иако се донесени, кратките рокови што се даваат и веројатно капацитетот на политичките елити да го спроведат тоа што е договорено“, вели Гаџовски.

Ако ви се поставуваат непринципиелни услови, тоа е тешко да се спроведе во пракса, дециден е Никовски во одговорот на прашањето зошто и лично потпишаното политичарите тешко го спроведуваат во пракса.

„Кога некогаш ви се поставуваат неприципилени, нелогични, непотребни, надвор од разумот услови тоа тешко се постигнува во праксата, значи нешто што не е објективно, не е природно, не е реално, не може да се реализира лесно. Тоа е суштината на сето тоа што ни се случува на нас, бидејќи некој од надвор државава ваква каква што е не ја прифаќа“, вели Никовски.

Она на што потсетуваат аналитичарите е и немањето на големи промени и покрај какво такво спроведување на договореното. Мартовскиот договор иако предвиде враќање на нормалниот политички живот, изборни реформи, подобрување на слобода на изразување, две години подоцна со кризата која произлезе по објавувањето на т.н. опозициски бомби се покажа дека не се исполнети најосновни демократски стандарди. Рамковниот договор сè уште наидува на различни читања и проценки за имплементираното, па според некои тој е целосно спроведен дури и надминат, а според други пак воопшто не е доловен неговиот дух, туку се е сведено само на бројките од вработувањата Албанци во администрацијата.

„Од кога тој проблем се реши ние демократија сега не можевме да ја апсолвираме бидејќи азбуката не ја знаеме, не знаеме што е дијалог во којшто го слушаш ставот на другиот затоа што се претпоставува дека сопствениот став си го знаеш добро и нема потреба како папагали политичарите сопствените ставови да си ги повторуваат, туку треба да размислат за она другото и да се обидат да најдат излез и компромис. Немаат апсолутно никаков талент за тоа“, вели Малески.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG