Достапни линкови

logo-print

Бањата во Стрновац повторно атрактивна за капачите


Поради близина на реката Пчиња, бањата често пати е поплавувана и пустошена, но локалната самоуправа Старо Нагоричино оваа сезона се погрижила изворот да биде пристоен за капачите. Вработените во бањата велат дека во летните месеци бањата дневно ја посетуваат и по 150 капачи.

Геотермалниот извор со температура на водата од 39,5 степени Целзиусови лоциран покрај коритото на реката Пчиња, во атарот на селото Стрновац, Општина Старо Нагоричино, ја враќа атрактивноста за бањските капачи. За еднодневен билет од само 50 денари, со сопствен и организиран превоз најчесто заболените од ревматски болести од Куманово и од околината не пропуштаат организмот да го ревитализираат, да се релаксираат и окрепени да ја поминат зимата.

Од Слупчане сме и кога слушнавме поради тоа што имам ишијас мислам дека ќе ми биде подобро. Веќе трет ден и веќе се чувствувам подобро. Да се направи бањата малку повеќе кога би имало пари, треба да се направи, ќе биде уште поуспешно.

Лекарски препораки нема, оти во Македонија водата не е испитувана, но според анализите од Белград, кои и неофицијално се пренесуваат, оваа вода е благотворна за воспалени ревматични заболувања во смирена клиничка и лабораториска фаза, дегенеративни ревматични заболувања, состојби по повреди, по корективни ортопедски зафати, при заболувања на периферни артериски садови, повреди на периферни нерви и инфицирани заболувања. Лековитоста е поради тоа што бањата спаѓа во категорија на натриум-хидрокарбонатно-флуоридно силициумско хипертермални води.

Поради близина на реката Пчиња, бањата често пати е поплавувана и пустошена, но локалната самоуправа Старо Нагоричино оваа сезона се погрижила изворот да биде пристоен за капачите. Далеку е од изгледот што го заслужува, но на оние кои доаѓаат најважна им е лековитоста на водата, која пак ја споредуваат со Бујановачка Бања во Србија.

Супер е за реума и за опуштање. Никој не ни препорача, ама сиромаштија, не можеме на море да одиме, па мора некако да се релаксираме. Многу луѓе се фалат, сигурно не би доаѓале да не е така.

Иван, еден од вработените во бањата вели дека во летните месеци, особено за викендите тука поминуваат просечно дневно и по 150 капачи, оти е можно и ноќно капење, без оглед што е отворена.

„Почнува од мај, а сезоната сигурно ќе трае до крајот на октомври.“

Запрашаните гости велат дека доаѓаат по препорака на други луѓе и дека по бањите се чувствуваат подобро.

„Од Слупчане сме и кога слушнавме поради тоа што имам ишијас мислам дека ќе ми биде подобро. Веќе трет ден и веќе се чувствувам подобро. Да се направи бањата малку повеќе кога би имало пари, треба да се направи, ќе биде уште поуспешно.“

„Супер е за реума и за опуштање. Никој не ни препорача, ама сиромаштија, не можеме на море да одиме, па мора некако да се релаксираме. Многу луѓе се фалат, сигурно не би доаѓале да не е така.“

„Ние не знаеме, викаат дека лекува реума. Треба бањата да се затвори и да се направи поубаво, да има некаков ред.“

Сместена во средина на бујна вегетација на козјачко –пчињскиот регион, на 15 километри од Куманово, по регионален пат за Крива Паланка, а на само три километри по асфaлтен пат од селото Старо Нагоричино, дивата бања Стрновац летово е во многу подобра состојба од минатото, кога беше поплавувана и опустошена. Мештаните велат дека има сезони кога таа е атракција за ноќни капења и на младите.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG