Достапни линкови

Обиди да се задржат младите во Старо Нагоричaнe


Некогашното училиште во Старо Нагоричaнe.
Некогашното училиште во Старо Нагоричaнe.

Невладините организации, локалната самоуправа преку партиски вработувања и ветувања, неколку приватни фирми и туристичките локалитети се обидите младите да се задржат во селата од оваа општина.

Од околу пет илјади жители во руралната Општина Старо Нагоричaнe само околу четиристотини се од младата популација. Невладините организации финансирани од европските фондови, локалната самоуправа преку партиски вработувања и ветувања, неколку приватни фирми од лесната индустрија, релативно добрата инфраструктура и за сега 13 маркирани туристички локалитети и неколку ресторани, се обидите младите да се задржат во селата од оваа општина.
Да даде препораки за нивна преквалификација согласно потребата од индустријата за работна сила. Со тоа би се создале услови за нивно вработување и на одреден начин задржување на младите во општината.
Даниела Андонова Петрушева, „Млади за младите“.


На младите им се овозможува и да се среќаваат, да ги разменуваат искуствата и меѓусебно да се посетуваат со нивните врсници од руралните општини од соседната Бугарија, а во тек е и реновирање на некогашниот објект на основното училиште и негова адаптација во своевиден младински центар за што бил користен пред повеќе од три децении.

Сепак, селата со куќи од расфрлан тип, со многу руинирани објекти, домови со по два или еден човек во поодминати години, остануваат неатрактивни за младите, особено образованите.
Имаме пристапни патишта, струја, вода, интернет врска, се средуваат некои работи кои би им помогнале на младите да останат во општината.
Драган Јовановски од Старо Нагоричaнe.

Даниела Андонова Петрушева проект менаџер на проектот за задржување на младите во прекуграничните општини, вели дека целта на програмата „Млади за младите“ е преку нова невладина организација да се обезбедат податоци за младите за да преку вработување тие се задржат во селата.

„Да даде препораки за нивна преквалификација согласно потребата од индустријата за работна сила. Со тоа би се создале услови за нивно вработување и на одреден начин задржување на младите во општината.“
Драган Јовановски.
Драган Јовановски.

Драган Јовановски е млад човек вработен во кабинетот на градоначалникот. Тој смета дека младите не треба да заминуваат и додава дека тие ги имаат приближно истите услови како во поразвиените општини.

„Имаме пристапни патишта, струја, вода, интернет врска, се средуваат некои работи кои би им помогнале на младите да останат во општината.“

Тој додава дека за викендите особено во летниот период поради реката Пчиња, бањата во селото Стрновац, но и рестораните, особено младите по потекло од селата од оваа општина, се почесто се присутни.

Станислава Миладинова од бугарската Општина Рила со само две илјади жители, вели дека двете општини се соочуваат со истиот проблем, бегање на младите. Таа додава дека и нивната општина младите ја напуштаат бидејќи не можат да се вработат.

„Младите многу тешко можат да најдат работа, но тоа не треба да е причина да го напуштат својот регион и населените места. Може да се работи на развој на туристичкиот потенцијал, како туристички водичи, бидејќи и двете општини имаат многу знаменитости.“

Според неа тешко е дека ќе се вратат младите кои од своите региони заминале во поразвиените или пак надвор од нивната земја. Целта е барем да се задржат оние што останале. Малку веројатно е дeка се вратат и младите кои заминале од Старо Нагоричане, а колку ќе успеат обидите да се задржат тие што се тука, неизвесно е.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG