Достапни линкови

Кумановската бања Стрновац бавно ги враќа капачите


По излевањето на Пчиња пред две-три години таа целосно беше запустена и неуредена, а локалната самоуправа Старо Нагоричане дури сега ја расчистила околината и со минимални вложувања се обидува да ги врати капачите од Куманово и кумановско.

Летово дивата бања во кумановското село Стрновац забавено ги враќа капачите кои минатата година поради нејзината напуштеност и запустеност побарале алтернативни лековити извори.

Кога го направивме базенот воведовме вода, а сега се е испокршено и водата оди и се лади и нема ефекти. Не е убаво, разочаран сум.

Геотермалниот извор со температура на водата од 39 степени Целзиусови е во непосредна близина на коритото на реката Пчиња. Спаѓа во категоријата на натриум хидрокарбонатно-флуоридно силицумско хипертермалните води, лековити за инфицирани заболувања, за лекување воспалени ревматични заболувања во смирена клиничка и лабораториска фаза, дегенеративни ревматични заболувања, состојби по повреди, по корективни ортопедски зафати, при заболувања на периферните артериски садови и повреди на периферни нерви, ни оддалеку го нема својот соодветен третман што го заслужува.

Зорка и Живко Јовановски.

Зорка и Живко Јовановски.

По излевањето на Пчиња пред две-три години таа целосно беше запустена и неуредена, а локалната самоуправа Старо Нагоричане дури сега ја расчистила околината и со минимални вложувања се обидува да ги врати капачите од Куманово и кумановско.

Да ви кажам право, еден мој комшија беше болен и со стап одеше. Правеше бањи и го фрли стапот. Од тогаш и јас доаѓам.

Зорка (70) и Живко (72) Јовановски по потекло од козајчкото село Цветишница пред безмалку една деценија од својата заработувачка во Германија издвоија средства за уредување на бањата. Тие се капат во изворот, самоиницијативно ја чистат околината и ја косат тревата, но разочарани се од сегашната состојба.

„Нема култура кај луѓето. Првин треба да се истушираат, а потоа да влезат во водата.“

„Еве до каде е дотерано. Се е извалкано и искршено. Разочаран сум.“

„Барем тушевите да ги направат, еве јас со канта носам вода да се туширам. “

„Наплаќаат карти, треба да има хигиена, да се испушти водата и да се исчисти базенот.“

„Кога го направивме базенот воведовме вода, а сега се е испокршено и водата оди и се лади и нема ефекти. Не е убаво, разочаран сум.“

„Испитана е во Белград, може да се остане по сат, два во неа. Водата е корисна, но многу луѓе не го почитуваат тоа. Се капат и потоа одат во ладовина да печат скара. А потоа велат дека не им помага “, велат Зорка и Живко.

На прашањето каква би била оваа бања да е во Германија Живко додава:

„Оваа бања во Германија би била позлатена. Тие многу чуваат и уредуваат. Гледам една госпоѓа цигара запалила и со цигара седи во базенот. Тоа таму нема... “

Жителите од Стрновац и од околните села во бањата доаѓаат да се освежат по работа во полето. Еден од нив вели:

„Да ви кажам право, еден мој комшија беше болен и со стап одеше. Правеше бањи и го фрли стапот. Од тогаш и јас доаѓам. Штом ќе завршиме со полските работи и јас ќе почнам со бањи.“

Тој додава дека во базенот се задржува по 15 до 20 минути, два пати годишино по 11 до 12 бањи и се чувствува подобро.

Бањата Стрновац е на околу три километри од асфалтен пат од селото Старо Нагоричане и на 15 километри од Куманово по регионалниот пат за Крива Паланка.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG