Достапни линкови

logo-print

Политиката ја стави немаштијата во втор план


Политичките случувања и безбедносната ситуација ги ставаат во подредена положба егзистенцијалните прашања. Луѓето бараат одговорност од политичарите.

Развојот на настаните на домашната политичка сцена се во фокусот на прилепчани, последниов период. Немаштијата и невработеноста што со години ги тиштат, многу илјади домаќинства останаа во втор план. Голема загриженост предизвикаа последните случувања во Куманово, а мислењата на граѓаните се подвоени. Сепак поголем дел од нив се чувствуваат небезбедни во својата земја.

Јас сум од селава од прилепската општина, живеам со разни националности, опколен сум, живеам со сите, од муслиманска вероисповед и сите ми се другари. Треба да седнат и да сносат одговорност, најголемите луѓе во државата.

„Не е многу безбедно во државава, такво не смее да биде, треба веднаш да се реагира на такви работи“.

„Се плашам само за моите деца. Не ми е јасно како може да влезат толку луѓе никој да не ги сети, одговорен некој на граница, не знам“.

„Најмногу мислам дека е тоа сето од политиката потекнато, дека никој не може 70 души да ги внесе во државата и никој да не знае“.

„Се чувствувам безбеден, нема ништо страшно“, велат прилепчани, сепак барајќи одговорност од политичарите и враќање на мирот и безбедноста во државата.

Според нив граѓаните и покрај етничките и верски разлики, имаат соживот и нема простор за меѓуетнички конфликт.

На луѓето им треба работа, на младите вработувања, пари да има, а ние ги испуштивме, сите заминаа во странство.

„Јас сум од селава од прилепската општина, живеам со разни националности, опколен сум, живеам со сите, од муслиманска вероисповед и сите ми се другари. Треба да седнат и да сносат одговорност, најголемите луѓе во државата“.

„Јас мислам дека има разум меѓу луѓево и дека нема да се прошири“.

„Нема врска позиција, опозиција, тоа нека си водат сметка, тие што ќе откријат кои се виновници“.

„Тоа што се случуваше, ќе си решат политичарите и судот“.

Наспроти овие граѓани кои се сериозно загрижени за својата иднина, има такви кои се сметаат за аполитични. За нив сепак немаштијата останува како најголем проблем.

„Не сум од никоја партија и не ме интересирата такви работи, а државата е секогаш бедна.“

„Невработеноста е сигурно проблем во Македонија“.

„Невработеноста не е од сега. Невработеност имало и за време на други политички партии“.

„На луѓето им треба работа, на младите вработувања, пари да има, а ние ги испуштивме, сите заминаа во странство“, велат анкетираните граѓани.

Желбите на граѓаните се за што поскоро решавање на политичката криза, враќање на мирот и безбедноста и итно решавање на економските проблеми, кои велат теоретски се први, но практично најдолу во агендата на политичарите.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG