Достапни линкови

Шиповиќ овозможи кворум за промена на ДУП-овите во Центар


Претседавачот на советот на Општината Мирослав Шиповиќ гласаше против, но неговото присуство го обезбеди кворумот, откако советниците од СДСМ и коалициските партии одлучија да ја напуштат седницата.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар доцна попладнево ги изгласаа измените на деталните урбанистички планови за Тасино Чешмиче 1 и Капиштец. Претседавачот на советот на Општината Мирослав Шиповиќ гласаше против, но неговото присуство го обезбеди кворумот, откако советниците од СДСМ и коалициските партии одлучија да ја напуштат седницата.

Барањето на советникот, а потоа и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е доставено надвор од сите законски рокови. Рокот, господине претседавач, е изминат со што исто така се крши законот. За мене како градоначалник ова прашање е затворено, а иницијативата е беспредметна.

Претходно, предлагачот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, соопшти дека одлучиле да ја тргнат точката која предвидуваше измена на деталниот урбанистички план „Мал ринг“ за што сите советници гласаа да биде симната од дневен ред, освен Шиповиќ кој беше против.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Шиповиќ на почетокот на седницата гласаше воздржано за предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски за трите спорни ДУП-ови предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат симнати од дневен ред, со што практично овозможи да се расправа за предлозите.

После сè што се изнаслушав деновиве, сакам да потенцирам дека никогаш нема да дозволам мојата судбина и судбината на моето семејство да биде тема за политичко профитерство, ниту на мојот СДСМ, а уште помалку на ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски ова барање го образложи со пропусти и доцнења во процедурата, поради што, како што рече, гласањето би било незаконско.

„Барањето на советникот, а потоа и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е доставено надвор од сите законски рокови. Рокот, господине претседавач, е изминат со што исто така се крши законот. За мене како градоначалник ова прашање е затворено, а иницијативата е беспредметна“, рече Жерновски пред изјаснувањето на советниците.

Шиповиќ, пак, исто така воздржано, гласаше и за предлогот на советничката од СДСМ Марија Бошковска Јанковски трите точки да бидат тргнати од дневен ред и поради прекршувањето на деловникот, бидејќи, како што велат, не им биле доставени материјали во предвидениот рок.

Седницата на која последни точки се измените на деталните урбанистички планови што започна во 15 часот, откако претходните два часа советниците расправаа по точките од друга седница, се одвива во крајно вжештена атмосфера поради која беа свикувани неколку паузи.

Претходно, предлагачот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, соопшти дека одлучиле да ја тргнат точката која предвидуваше измена на деталниот урбанистички план „Мал ринг“ за што сите советници гласаа да биде симната од дневен ред, освен Шиповиќ кој беше против.

Пред почетокот на седницата, тој рече дека не подлегнувал на притисоци од ниту една страна и дека работел според законот.

„После сè што се изнаслушав деновиве, сакам да потенцирам дека никогаш нема да дозволам мојата судбина и судбината на моето семејство да биде тема за политичко профитерство, ниту на мојот СДСМ, а уште помалку на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Шиповиќ.

Превирањата во општината меѓу градоначалникот и претседателот на Советот кој беше во притвор осум месеци, а од минатиот месец се брани од слобода избија на површина неделава. Жерновски пред неколку дена објави дека некој денеска ќе го предадел Центар по што Шиповиќ до последен момент не се изјаснуваше како ќе гласа и дали со давањето на својот глас ќе им овозможи на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги стават на дневен ред точките кои ги предлагаат.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG