Достапни линкови

Заев - Јанкулоска и Ставрески признаваат дека водат забегана политика


Шеста „бомба“ на Заев: трошење буџетски пари
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:15 0:00

Шеста „бомба“ на Заев: трошење буџетски пари

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска објави нови снимени 11 телефонски разговори меѓу, како што рече, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома, тоа праиме ние, вели машкиот глас на една од снимките.

Лично Никола Груевски, дури и среде ноќ, им издавал наредби на неговите министри да работат противзаконски и да прават нелогични буџетски трошења за реклами и споменици во услови кога биле доведени во прашање платите на администрацијата и нивните работни места. Ова, тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев, можело да се заклучи од единаесетте телефонски разговори меѓу, како што рече, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и неговата колешка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, што беа пуштени на денешната прес-конференција.

Ова се признанија лично од вицепремиерот за финансии Ставрески и министерката за внатрешни работи Јанкулоска, што ќе потврдат за сè што предупредувавме: за хаосот во буџетот и колапсот на економијата во Македонија, за апсурдни трошења пари на граѓаните, овие разговори ќе потврдат дека е фалсификувана вистината за економската состојба во државава. Сето ова се правело по налог на еден човек, премиерот Никола Груевски.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Ова се признанија лично од вицепремиерот за финансии Ставрески и министерката за внатрешни работи Јанкулоска, што ќе потврдат за сè што предупредувавме: за хаосот во буџетот и колапсот на економијата во Македонија, за апсурдни трошења пари на граѓаните, овие разговори ќе потврдат дека е фалсификувана вистината за економската состојба во државава. Сето ова се правело по налог на еден човек, премиерот Никола Груевски“, рече Заев, кој додаде дека аудио снимките се од периодот на ребалансот на буџетот во 2012 година и проектирањето на буџетот за 2013 година.

Со тоа, според претседателот на СДСМ, се објаснувало зошто била нервозата кај власта и случувањата на 24 декември.

Во презентираните разговори за кои Заев тврди дека се автентични и дека на нив зборуваат двајцата министри се слуша нетрпеливост и несогласување со некои барања на Груевски. Во првите четири беше нагласено дека се слуша дека приходите се катастрофа, дека се трошат милионски суми за згради и споменици, наместо за реални потреби, а како што вели Заев, и Јанкулоска признавала дека полицијата тепала на протестите пред Општина Центар.

please wait

No media source currently available

0:00 0:12:47 0:00
Директен линк

Женски глас: А, бе незамисливо е Зоки. Ние сеа како Цигани, два миљона овде три миљона тука скрати, циганска работа. Значи до таму е дојдено. А ваму со злато ги укоричуваме книгиве.

Машки глас: А, бе луѓево, пошто доаѓаат овакво за буџет па мора некој работи да кажат, шо све ми кажуваат дополнителни работи таму шо све им кажувал. Сеа слики нарачал, 100 слики, слични како овие у музејот што се, за во Археолошкиот музеј.

Женски глас: Леле...

please wait

No media source currently available

0:00 0:07:27 0:00
Директен линк

Машки глас: Добро бе Горде, мислам кажи ми еве дали јас сум ненормален или не знам више шо да... Мислам...

Женски глас: А, бе јас вчера нели за ова за полицискава станица. Луѓево значи рипаат од радост, како мали деца се радуваат зашто имале плочки у купатило и прозорите зашто се затвараат. Значи до таму е дојдена работава.

Машки глас: А мене ми се смее шо сум му рекол за...

Женски глас: Ама они сами му кажаа, а спијат на железни кревети, на ќебињата пишува ЈНА.“

please wait

No media source currently available

0:00 0:07:30 0:00
Директен линк

Во еден од разговорите, како што рече Заев, Ставрески признавал дека битолскиот градоначалник Владимир Талески направил коруптивен скандал, а Јанкулоска, пак, дека низ скопскиот градоначалник Коце Трајановски поминувале „матни работи“. Во друг разговор, пак, според Заев, се слуша како Ставрески признавал дека долговите се трупаат, а се мислело само на блиски бизнис партнери до Груевски и Мијалков. И Јанкулоска, вели тој, признава дека Груевски бил „забеган“.

please wait

No media source currently available

0:00 0:11:20 0:00
Директен линк

Женски глас: Идиотска е состојбава.

Машки глас: Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома, тоа праиме ние.

Женски глас: Е баш така праиме. Види, ние кратиме, свесно, ирационално се однесуваме. Ги сведуваме основниве функции под минимум, не се ни на минимум, а ваму градиме не знам шо. Државата не ни функционира.“

please wait

No media source currently available

0:00 0:06:41 0:00
Директен линк

Инаку во некои од пуштените снимки Заев вели дека Јанкулоска и Ставрески употребуваат погрдни зборови за евроамбасадорот Орав.

please wait

No media source currently available

0:00 0:06:49 0:00
Директен линк

Денешната прес-конференција е шеста по ред на која СДСМ ги објавува таканаречените бомби.

please wait

No media source currently available

0:00 0:10:38 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:17:17 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:17 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:52 0:00
Директен линк

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG