Достапни линкови

АУДИО: Јанкулоска - Ставревски - „Забегани сме“


Непродуктивните трошењата за споменици при празна државна каса беа тема на денешната (02.03.2015) прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој објави нови снимени разговори меѓу, како што рече, вицепремиерот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на кои се слуша како тие разговараат дека нема пари во буџетот.

Заев рече дека со овие разговори се покажува зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри од страна на премиерот Никола Груеввски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Според него, емитуваните разговори покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација.

Следуваат презентираните аудио снимки:

„Оваа политичка криза е најверојатно најголемата политичка криза од самостојноста на Македонија, а Никола Груевски секојдневно ја носи земјата во сè подлабока криза. Јас само се надевам дека нема во план да направи некоја беља во Македонија. Тоа нема да му го дозволиме ниту јас, ниту граѓаните“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања. Тој вели дека решенијата за оваа политичка криза ќе дојдат на повидок.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG