Достапни линкови

Што прифатил Груевски за името?


Уривањето на објектот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски беше тема на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Со зборовите „кога ќе слушнете до каде отишол човекот со името, што тоа прифатил, ќе видите колку ни е загрозена и државата и народот“, Заев всушност најави и дека поседувал материјали поврзани со таа тема.

Девет телефонски разговори на, како што рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт Миле Јанакиески, од кои се докажува дека по изборите во 2011 година и затворањето на А1 телевизија премиерот лично ја диригирал акцијата за уривање на објектот Космос во сопственост на Фијат Цановски беа презентирани на денешната прес-конференција.

Ги гледав викендов сите овие недозволиви снимки, поради тоа што се посебни истражни мерки и докази во постапката за Љубе Бошкоски. Порив вриеше во мене и во нас да излеземе со тоа, но чекор по чекор. А изборите? Изборите се врв. Како ги спроведуваат изборите во 2014, 2013 и во 2011 година покажуваат дека такво нешто нема никаде во светот.

Одговарајќи на новинарски прашања по објавувањето на т.н. бомба на опозицијата, петта по ред, Заев рече и дека во снимените телефонски материјали што тој ги поседува биле следени шест дипломатски претставници од највлијателните земји.

Со зборовите „кога ќе слушнете до каде отишол човекот со името, што тоа прифатил, ќе видите колку ни е загрозена и државата и народот“, Заев всушност најави и дека поседувал материјали поврзани со таа тема.

„Ги гледав викендов сите овие недозволиви снимки, поради тоа што се посебни истражни мерки и докази во постапката за Љубе Бошкоски. Порив вриеше во мене и во нас да излеземе со тоа, но чекор по чекор. А изборите? Изборите се врв. Како ги спроведуваат изборите во 2014, 2013 и во 2011 година покажуваат дека такво нешто нема никаде во светот“, рече Заев.

Инаку од разговорите на Груевски и Јанакиески, според лидерот на опозицијата, се слуша како Груевски диригирал кога да се достави решението за уривање до Цаноски, му кажувал на министерот како да се збришел објектот и да се сменеле Деталниот и Генералниот урбанистички план, давал инструкции кога да се почне уривањето, односно, како што додаде Заев, освен одмаздата, ништо друго не го интересирало.

„Прв машки глас: А, досега има доволно направено рушење за да не може да продужи?

Втор машки глас: Има четири, пет стуба скинато, оти место да одиме со машини, со сајли за мермер сечење, тие се многу ефикасни.

Прв машки глас: На кој кат?

Втор машки глас: Одозгора надолу.

Прв машки глас: Аааа, значи ништо немаме. Одозгора надолу. Многу ситна штета е тоа.“

Заев исто така рече и дека во еден од разговорите меѓу Груевски и Јанакиески се слушало како премиерот зборува за сугестиите од Брисел кои биле во насока дека ако се уривал објектот Космос, исто така требало да се постапи и со други кои се нелегални затоа што законите требало да важат за сите.

Прв машки глас: И вака кога го кажува држи вода да ти кажам.

Втор машки глас: Држи.

Прв машки глас: Ништо не сме срушиле, само Фијат сме го срушиле. Као другиве сите правилно градат.

Втор машки глас: Има еден, еден објект знам во Гостивар, имаше претставки од граѓани, пуштивме кривична пријава, тој гради без одобрение за градење.

Прв машки глас: Каде?

Втор машки глас: Во Гостивар знам, огромен објект. И Бејта баш спомна некни за него.

Прв машки глас: Епа терај. Не чекај. Со динамит тоа, да не ја тупиме пак.“

Инаку, Фијат Цаноски е сват на сопственикот на затворената А1 телевизија Велија Рамкоски, а неговата партија ПЕИ во тој период беше дел од опозицискиот блок. Заев рече дека денеска објавените разговори биле од периодот веднаш по изборите 2011 година.

Коментирајќи ја прес конференцијата на премиерот во средата, лидерот на СДСМ рече дека Груевски изнел лаги, нереални и контрадикторни тези, празни фрази за некаква тактичка опрема, клонирани системи и странски служби само за да покажел дека бил загрозен.

Груевски тогаш рече дека во изминатиот период Македонија била таргет на странска разузнавачка служба, потпомогната од нивни соработници од земјава кои тоа го правеле за финансиска корист. Тој не сакаше да навлегува во веродостојноста на прислушуваните разговори.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG