Достапни линкови

Власта засега го отргнува вниманието на јавноста од „бомбите“ на опозицијата, но аналитичарите очекува агресивен настап на власта кон опозицијата и кон стварноста, која ќе се обидат да ја замаглат и омаловажат.

По третата таканаречена бомба на опозицијата во која акцентот беше ставен на апсењето на претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, во јавноста се појавија видеа во која главната улога ја има истиот актер, но сега во друго издание. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во петокот објави прислушувани разговори, кои според него се доказ дека процесот против Бошкоски бил политички монтиран.

Очигледно е дека одбиваат да ги почитуваат демократските стандарди кои кажуваат дека при вакви сериозни обвинувања и сериозна аргументација барем имаат морална обврска, ако не и политичка, да си поднесат оставка и ќе пробуваат да го обезбедат повторно својот легитимитет.

Викендов на Јутјуб, пак, можеа да се видат видеа како Бошкоски пред апсењето и за време на изборната кампања ветува промена на името доколку тој дојде на власт и дека парите ќе ги искористи за рекламирање на телевизиите.

Професор Здравко Савески вели дека власта се наоѓа во незавидна позиција и прв пат е во дефанзива. Според него, власта сега се обидува да применува типична пропагандна стратегија.

„Нејзиниот капацитет да се спротивстави на аргументите презентирани од страна на опозицијата, бидејќи обично и не е возможно на толку широк дијапазон на отворање на прашања да се изнесе дури и најслаби контрааргументи за одвлекување.“

Фактот дека се појавуваат анонимуси, дека се појавуваат некои движења за одбрана на Македонија итн, укажува дека власта сериозно се спрема за одговори на овие дејствија, затоа што смета дека нема друг излез. Повлекувањето и паѓањето на оваа влада тие не го сметаат како чин што треба да се случи.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека објавувањето на прислушувањата во нормални околности требало да резултира со оставка на власта, но во земјава тоа произведува друг ефект со што и како да се одговори на наводите.

„Фактот дека се појавуваат анонимуси, дека се појавуваат некои движења за одбрана на Македонија итн, укажува дека власта сериозно се спрема за одговори на овие дејствија, затоа што смета дека нема друг излез. Повлекувањето и паѓањето на оваа влада тие не го сметаат како чин што треба да се случи.“

Според Савески, власта ќе направи се што е во нејзина моќ да ги дискредитира бомбите на опозицијата. Но, пропагандата, како што вели тој нема да го има посакуваниот одек, поради нарушениот легитимитет на власта.

„Очигледно е дека одбиваат да ги почитуваат демократските стандарди кои кажуваат дека при вакви сериозни обвинувања и сериозна аргументација барем имаат морална обврска, ако не и политичка, да си поднесат оставка и ќе пробуваат да го обезбедат повторно својот легитимитет или дури и својата поддршка преку свои аргументи, но доста работи се променети во Македонија во расположението кај граѓаните во последните три месеци“, вели Савески.

Демири во иднина очекува агресивен настап на власта кон опозицијата и кон стварноста, која ќе се обидат да ја замаглат и омаловажат.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG