Достапни линкови

„Бомба“ број три: Како власта го „средува“ Љубе Бошковски


Разговори за договарање околу апсењето и омаловажувањето на Љубе Бошковски, „уредување“ на медумското покривање на настанот, уништувањето на неговата партија, беа презентирани денеска од СДСМ, како дел од проектот „Вистината за Македонија“.

Седум телефонски разговори на кој, како што тврди претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се слуша договарање околу апсењето и омаловажувањето на Љубе Бошковски беа презентирани денеска во партиското седиште.

Неколкуте разговори на кои, како што рече Заев, шефот на УБК Сашо Мијалов и новинарот Драган Павловиќ Латас биле доказ дека процесот е политички монтиран, а дека Мијалков однапред знаел дека на колку ќе биде осуден Бошковски.

Во друг пак телефонски разговор Заев вели дека се слушаат гласовите на Мијалков и на сопственикот на Канал 5 Емил Стојменов, како се договарале како на Канал 5 случајот да биде медиумски презентиран.

Денеска беа пуштени разговори на кои, според Заев, се слушаат министерката Гордана Јанкулоска и шефот на кабинет на премиерот Груевски, Мартин Протуѓер, на кои, вели лидерот на опозицијата, се договарале како да ја уништат партијата на Бошковски и да ги избркаат од работа кадрите блиски до него.

На последниот телефонски разговор пуштен денеска, Заев рече дека, портпаролот на МВР Иво Котевски и Јанкуловска зборуваат како во медиумите да се прикаже случајот со Мартин Нешковски. На крајот на денешната прес конференција на новинарско прашање Заев одговори дека не очекува правна, туку политичка разврска на целито случај со материјалите што ги објавуваат.

Ова е трета прес конференција на Заев во која тој објавува материајли од т.н. Бомба. Во неделата тој објави пет телефонски разговори со кои како што рече се докажува директната спрега на релација власт-правосудство. Со нив рече тој се покажувало како Груевски и Мијалков, со неколкумина свои соработници и функционери од ДУИ местеле судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови, унапредувања на судии послушни кон власта. Меѓу гласовите што тогаш се слушнаа како што нагласи Заев беа на шефот на УБК Мијалков и вицепремиерот за рамковен Муса Џафери, на министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на нејзиниот колега Зоран Ставрески. На првата прес конференција пак Заев рече дека повеќе од 20 000 луѓе биле незаконски прислушувани,по наредба на Груевски и на Мијалков за што потврда било тоа што немало снимен телефонски разговор исклучиво меѓу нив двајцата. СДСМ уште по првата прес конференција поднесе кривична пријава против Груевски, Мијалков, директорот на петатта управа Горан Груевски и други непознати сторители а неделава и прошири. Како доказ ги достави телефонските разговори што на втората прес конференција ги презентираше Заев како нови докази за аферата Прислушување.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG