Достапни линкови

Содржината на „бомбата“ се става во сенка на изворот


Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција во Скопје.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција во Скопје.

Се релативизира содржината на материјалите кои ги објавува опозицијата, со здруженија и организации кои како битно го поставуваат прашањето од каде се информациите.

Криминалот, поставувањето судии од врвот на власта и другите содржини во материјалите што ги објавува претседателот на СДСМ Зоран Заев, не треба да бидат ставени во сенка на тоа што ќе се бара потеклото на информации, велат експертите.

Апсолутно има релативизирање на целата работа во јавноста со многу осмислен обид, преку здруженија, преку кампањи и тоа секако е загрижувачи.

Во секое демократско општество треба да биде важна веродостојноста на материјалите што се објавуваат, а дури потоа може да се бара изворот на тие информации, дополнуваат тие. Кај нас деновиве имаме дефокусирање на јавноста, со појавување на здруженија и организации кои однапред сугерираат како треба да се размислува и кои ја бранат власта, со тоа релативизирајќи го прашањето дали имало злоупотреби во нејзината работа. Според дел од граѓаните едно од клучните прашања во врска со „бомбата и „Пуч“ е кога институциите ќе се насочаат кон содржината на информациите.

„Судски треба да се разреши процесот, од каде дошле тие информации, меѓутоа тоа е од секундарно значење во однос на нивната содржина, особено доколку тие сведочат за некакви криминални дејствија. “

Во тој конкретен случај судот не бараше кој е изворот на информацијата, туку бараше веродостојност и содржина на информацијата, пред се и основно нашите институции треба да се насочат кон содржината на информациите, бидејќи се работи за кривично дело.

„Се гледа дека некој сака да намести нешто, не е битно што ги прават тие ситни муабети, битно се тие главните муабети, како јавувањето на судиите да се фатат некои врски, се разоткрива очигледно.“

„Апсолутно има релативизирање на целата работа во јавноста со многу осмислен обид, преку здруженија, преку кампањи и тоа секако е загрижувачи.“

И експертите веќе велат дека очекувале со најава на самите „бомби“ дека ќе има контра протести и контра здруженија и предупредуваат дека со тоа се дели општеството на оние кои веруваат во нешто што е вистина или не е вистина. За да не се случува тоа најдобро е веднаш Обвинителството да ја спроведе истрагата, вели професор Владимир Пивоваров.

Пивоваров се повикува на светската практика односно европската, каде го имавме случајот со словенечкиот европратеник Зоран Талер кога во еден паб во Брисел новинарите земаа изјава од него во која требаше тој да пролонгира некој закон во парламентот и му беше понуден финансиски надомест. Овој доказ потоа беше искористен во судска постапка и тој е на одлежување казна затвор од 2,5 години.

„Во тој конкретен случај судот не бараше кој е изворот на информацијата, туку бараше веродостојност и содржина на информацијата, пред се и основно нашите институции треба да се насочат кон содржината на информациите, бидејќи се работи за кривично дело.“

Во меѓувреме со информациите што беа објавени во некои медиуми дека МВР ги бара кртовите во своите редови се отвара прашањето дали со ова се побива тврдењето на владата дека станува збор за снимки на странски служби. Дури и еден професор информатичар деновиве кажа дека размислува во таа насока оценувајќи дека толку се квалитетни снимките што ги нуди опозицијата и дека можело да се дојде до нив само ако директно се закачени за мрежата на мобилните оператори.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG