Достапни линкови

logo-print

Студентската окупација ќе трае се до нов закон


Нема потреба од анализа на високото образование, потребен е нов закон, велат од Студентскиот пленум.

Од Студентскиот пленум остануваат на своето барање изготвување на нов Закон за високо образование и ќе ги окупираат факултетите се додека тоа не биде исполнето. Од Студентскиот пленум заедно со претставници на Професорскиот пленум вчера имаа средба со раководството на УКИМ и претставници на владата.

Додека не ни се исполни барањето да добиеме потврда дека ќе почне да се пишува текст за нов закон, па оваа енергија од тука да ја пренасочиме кон пишување на квалитетен нов закон ќе гарантира квалитет на високото образование.

Ивана Туфегчиќ од Студентскиот пленумот вели дека вчерашната средба во просториите на Ректоратот не била од одлучувачки карактер. Според неа, тие ги изнеле своите аргументи и средбата завршила со договор повторно да се сретнат.

„Исходот ќе го знаеме од следната средба, сега засега остануваме на дело да бидеме кооперативни, да ги изнесуваме аргументите, а аргументи има многу. Од 14 измени на Законот за високо образование, самите и оние кои се предлагачи и они кои го носат свесни се дека тој закон веќе не може да се применува, затоа што правните служби на самите универзитети се збунети, не знаат, една со друга одредба е контрадикторна, освен тоа во Законот за високо образование има многу одредби коишто се од подзаконски карактер, а не од законски карактер. Токму тоа се и аргументите зошто ни е потребно интегрално нов текст.“

Според неа средбата била само да се одлучи формата на преговарање за евентуално создавање на нов закон, но пред тоа треба да победат нивните аргументи.

„Со тоа што се согласија да има анализа од 30 дена во која ќе видиме каде е проблематичен стариот закон, сметам дека има простор за кооперативност меѓу страните на преговори во моментов, поточно меѓу владата и нас, така што се надеваме дека на следната средба ќе имаме попозитивен исход, односно дека ќе заклучиме дека веднаш ни е потребен, нема потреба од анализи, нов закон за високо образование.“

Таа додава дека продолжуваат со нивните активности, односно окупација на факултетите.

„Додека не ни се исполни барањето да добиеме потврда дека ќе почне да се пишува текст за нов закон, па оваа енергија од тука да ја пренасочиме кон пишување на квалитетен нов закон ќе гарантира квалитет на високото образование.“

Од Студентскиот пленум прецизираат дека нивното најглавно барање е да нема надворешно тестирање на факултетите, а тоа е поткрепено со аргументот дека прво треба да ги разработат механизмите кои веќе постојат. По средбата, ректорот Велимир Стојковски излезе со кратко соопштение во кое наведе дека „врз основа на излагањата било договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование“.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG