Достапни линкови

Секојдневие во автономна зона


Студентите веќе седми ден се во Автономната зона на Машинскиот факултет - јадат, спијат и се договараат што ќе прават во текот на денот.

Кога ќе влезете во големиот и долг ходник на Машинскиот факултет ве пречекуваат неколку транспаренти на кои се порачува „Разбуди се, свести се, придружи се“, „Вашите професори се со вас“, „Гладни сте? И јас сум!“.

Потоа продолжуваат тие алтернативни предавања, има различни работилници, различни алтернативни предавања, коишто се од разни области на сите технички факултети. Навечер остануваат луѓе, се играат друштвени игри.

Во овој дел многу луѓе нема. Но, со приближувањето кон читалната се зголемува вревата. Таму студентите кои веќе седми ден се во Автономната зона на Машинскиот факултет - јадат, спијат и се договараат што ќе прават во текот на денот. Во големата просторија на чија врата пишува „Читална“ е преполно со душеци, вреќи за спиење и средства за хигиена. Нашиот водач низ Автономната зона, Иван Исаиловски, вели дека нема конкретна бројка колку луѓе преноќуваат тука.

„Зависно од денот, колку собира, колку може да се протнат. Кој имал донел душеци и вреќи за спиење, останатото се донации“, вели Исаиловски, кој додава дека деновиве им е студено за спиење на студениот под во просториите на факултет, но дека покрај клима уредот се затоплуваат и од големиот број студенти кои ја поминуваат ноќта таму.

Секој ден е организиран. Уште во 8 часот се собира редарската служба и ги поминуваат училниците за да се прекинат предавањата каде што има и да се информираат студентите кои не знаат што се случува. Потоа е појадокот и се собираат студентите да видиме во колкав број се, за да се организираме подобро.

На прашањето што прават во текот на целиот ден, студентите Тамара Димитрова и Марко Рочевски објаснуваат дека имаат повеќе активности.

„Наутро прво се собираат луѓето тука, се поминува по просториите да се види дали сепак е прекината наставата, потоа во 11 часот секој ден се одржуваат пленуми на коишто повторно се дискутира за проблемот што го имаме, до каде сме стигнале, дали имаме напредок во ситуацијата и дали следниот ден ќе се продолжи со бојкот на настава. Потоа продолжуваат тие алтернативни предавања, има различни работилници, различни алтернативни предавања, коишто се од разни области на сите технички факултети. Навечер остануваат луѓе, се играат друштвени игри“, вели Димитрова.

„Секој ден е организиран. Уште во 8 часот се собира редарската служба и ги поминуваат училниците за да се прекинат предавањата каде што има и да се информираат студентите кои не знаат што се случува. Потоа е појадокот и се собираат студентите да видиме во колкав број се, за да се организираме подобро“, вели Рочевски.

Во четвртокот кога Студенскиот пленум одлучи да влезе во просториите на Машинскиот факултет и да прогласи Автономна зона, една од студентките рече дека сакале да покажат дека тие не се само статистичка бројка на Универзитетот, тука дека студентскиот активизам е жив и се шири како оган. Откако прво прво прогласија свој простор на Филозофскиот - од денеска Автономна зона ја проширија и на Архитектонскиот факултет.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG