Достапни линкови

Студенти, професори, хонорарци - незадоволни од отстапките на власта


Оние што протестираа против законите за високo образование и за хонорарци велат дека не се задоволни од малото попуштање на владата и бараат повлекување на законите.

На донесувањето на новите измени во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Законот за високо образование се противат најзасегнатите. Од Професорскиот пленум сметаат дека не е испочитувано нивното барање за одлагање на целиот пакет закони за високо образование до 2018 година. Гордана Попсимонова од Професорскиот пленум вели дека повеќе пати се обиделе преку институционален пат да ги разрешат двојбите околу целиот пакет закони.

Професорскиот пленум, заедно со Студентскиот пленум, продолжува со вонинституционално дејствување што вклучува бојкот на наставата, размислуваме за понатаму и за евентуален штрајк и ќе продолжиме сè додека во Собранието не се изменат штетните закони донесени досега.

„Евидентно дека не сме сослушани, евидентно дека сме изманипулирани, не само ние, туку и сите оние коишто ги засега законот, и затоа Професорскиот пленум, заедно со Студентскиот пленум, продолжува со вонинституционално дејствување што вклучува бојкот на наставата, размислуваме за понатаму и за евентуален штрајк и ќе продолжиме сè додека во Собранието не се изменат штетните закони донесени досега“, вели Попсимонова.

Од Студентскиот пленум, пак, утре ќе формираат автономна зона на УКИМ. Оттаму велат дека чекаат да видат што ќе биде изгласано во Собранието, па потоа ќе излезат со став. На нивната страна денеска објавија хронологија на настаните во која порачуваат дека со нив веќе нема играчки.

Првото и главно барање беше комплетно да се повлече законот и после тоа да се седне на маса, да се предложат сите работи коишто се добри за буџетот на Република Македонија, меѓутоа да не се оштетени граѓаните, односно и вработени и хонорарците и невработени.

„А, што е сменето од моментот на гласање до моментот со ветениот мораториум од страна на Премиерот од пред неколку денови? Апсолутно ништо! Сепак, ова е ветување кое доаѓа директно од човекот за кој четири месеци не постоевме, за кого партиските војници четири месеци, како што е погоре прикажано, ни вршеа страшни притисоци, нè навредуваа, нè понижуваа, не камшикуваа затоа што имавме спротивно мислење од нивното за на крај да ни понудат да им веруваме на нивниот збор!“, се вели во текстот.

Од повелбата против законот за хонорарци велат дека поради игнорантскиот однос на власта не се откажуваат од протестите в петок. Виктор Илиески од Синдикатот за култура вели дека ниту на самото донесување на Законот за хонорарци не биле консултирани засегнатите страни, а таков е случајот и за новите измени.

„Првото и главно барање беше комплетно да се повлече законот и после тоа да се седне на маса, да се предложат сите работи коишто се добри за буџетот на Република Македонија, меѓутоа да не се оштетени граѓаните, односно и вработени и хонорарците и невработени“, вели тој.

Илиески додава дека веќе штетата е направена, некои хонорарци останале без работа, други не се ангажираат и поради тоа има огромно незадоволство.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG