Достапни линкови

Способна ли е Македонија сама да си ги решава проблемите?


Според професорот Денко Малески досегашните изјави на претставниците на меѓународните организации се доказ дека тие очекуваат од држава што е речиси 24 години независна сама да си ги реши проблемите.

Ниту еден странски ангажман и на никаков начин не може да помогне за излегување од кризата ако македонските политички фактори не се спремни да го сторат тоа, велат аналитичарите.

Објективно земено како некој може да ни ги реши нашите проблеми? Тоа навистина не знам, освен во оние екстремни ситуации на воени интервенции, итн, па и тогаш е проблем.

Според професорот Денко Малески досегашните изјави на претставниците на меѓународните организации се доказ дека тие очекуваат од држава што е речиси 24 години независна сама да си ги реши проблемите.

„Практично оставени сме сами на себе да си го бараме излезот од оваа политичка криза, и можеби, да речам, дека тоа е за добро, оти во крајна линија и политичарите и народот мора еднаш да научи таа лекција од демократија, пред се политичките елити“, вели Малески, кој додава дека не може да се очекува ниту интервенција од типот на т.н. булдожер дипломатија бидејќи, како што вели, луѓето кои ги водат своите држави се премногу зафатени со своите проблеми.

Се ми се чини дека и дијалогот што го предлага и на кој инсистира Брисел, Унијата и Советот на Европа и ОБСЕ и другите, е апсолутно потребен и дека сите наши актери внатрешни со се власта и владата треба да се согласат со тоа и да го активираат тој дијалог.

„Објективно земено како некој може да ни ги реши нашите проблеми? Тоа навистина не знам, освен во оние екстремни ситуации на воени интервенции, итн, па и тогаш е проблем“, вели Малески.

Тој на пораките испратени последниве два дена преку претставник на Европската унија и претставник на ОБСЕ, кои во име на организациите во Скопје понудија помош за надминување на кризата, гледа токму како на порака дека треба сами да ги решаваме проблемите, а од меѓународната заедница ќе се добие поддршката. Имено вчера српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во својство на претседавач на ОБСЕ порача дека стабилноста на Македонија е значајна за регионот и организацијата е подготвен да ја понуди својата добра волја да посредува посебно во овие политички прашања. Ден претходно, еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување Јоханес Хан исто така понуди помош од Европскиот парламент.

Според професор Димитар Мирчев помошта од меѓународните заедници е добренамерна, но сепак е непотребно мешање во работите на државава која не е протекторат. Слично како и Малески и тој сугерира дека никој од надвор не може да помогне во наоѓање на решенија за проблемите тука. Ако не можеме сами да ги надминеме несогласувањата , додава тој, тогаш не треба да имаме ниту статус на земја-кандидат за зачленување во Европската унија.

„Се ми се чини дека и дијалогот што го предлага и на кој инсистира Брисел, Унијата и Советот на Европа и ОБСЕ и другите, е апсолутно потребен и дека сите наши актери внатрешни со се власта и владата треба да се согласат со тоа и да го активираат тој дијалог. Нека почне прво повторно на лидерски средби, меѓутоа и во Собранието“, вели Мирчев.

Засега најконкретниот предлог за помош стигна од еврокомесарот Хан. Тој пред пристигнувањето во Скопје од Брисел рече дека побарал од претставниците на главните политички партии во Европскиот парламент да направат сличен напор со каков што во Албанија успеале да постигнат успех. Идејата на Хан всушност е претставници од двете најголеми политички групации во Европскиот парламент на кои припаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да помогнат во надминувањето на проблемите тука. Досега нема одговор од двете партии што мислат за оваа понуда.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG