Достапни линкови

Дачиќ - Стабилноста на Македонија значајна за регионот


Треба да се сторат максимум напори да се отстранат сите проблеми кои можат дополнително да ја искомплицираат ситуацијата, рече денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој е во посета на Македонија во улога на претседавач на ОБСЕ.

Стабилноста на Македонија е значајна за регионот, нотираше неколкупати сегашниот претседавач на ОБСЕ и српски министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, при посетата на Македонија. Тој рече дека Србија, за жал, има искуства во конфликти со меѓународно присуство, но има искуство и во носење на одлуки кои значат излегување на земјата од тешки ситуации и затоа смета дека Србија е во добра позиција да помогне во решавање на одредени проблеми каде и да постојат на просторот на ОБСЕ.

Уште еднаш сакам да истакнам дека за европската и за регионалната безбедност е многу важно прашањето на стабилноста во овој дел на Европа, во нашиот регион, вклучително и стабилноста во Македонија и треба да се сторат максимум напори да се отстранат сите проблеми кои можат дополнително да ја искомплицираат ситуацијата.

„Уште еднаш сакам да истакнам дека за европската и за регионалната безбедност е многу важно прашањето на стабилноста во овој дел на Европа, во нашиот регион, вклучително и стабилноста во Македонија и треба да се сторат максимум напори да се отстранат сите проблеми кои можат дополнително да ја искомплицираат ситуацијата, а треба да се решаваат и најголемите проблеми кои ја кочат европската интеграција, треба отворено да се занимаваме со тие прашања и треба да има многу поактивен однос од страна на меѓународната зедница. Ситуацијата во која со години е исклучена можноста од некоја европска перспектива не е мотивирачка за ниту една земја, ниту, пак, за вашата“, рече Дачиќ.

Запрашан за став за случајот „Пуч“, Дачиќ рече дека она што е во интерес на ОБСЕ, но и на Србија, како земја претседавач, е да се дознае целата вистина за тоа.

Што се однесува до мене, тоа е суштинско прашање, како е можно некој во една земја да ги прислушува најважните државни функционери? Дали е тоа овластено или неовластено. Ако е неовластено се знае како се постапува во тој случај.

„И отворено да се зборува за тоа тука во вашата држава, во вашето општество, во вашите институции. Едноставно таквиот вид на активности може да донесат и одредена нестабилност која треба да се спречи. Затоа мислам дека е многу важно да се има одговорност како да се реагира на таквата ситуација. Што се однесува до мене, тоа е суштинско прашање, како е можно некој во една земја да ги прислушува најважните државни функционери? Дали е тоа овластено или неовластено. Ако е неовластено се знае како се постапува во тој случај. Друго прашање е што била и што е целта, јас во тоа навистина не навлегувам, но тоа секако не е добар факт“, рече Дачиќ.

По средбата со министерот Никола Попоски, Дачиќ рече дека улогата на ОБСЕ е во нудењето на добра волја за решавање на одредени проблеми, прашања и конфликти, а не е да биде политички арбитар или политички фактор кој се меша во внатрешните работи на некоја држава. Дел од мандатот на ОБСЕ е да се грижи за безбедноста, за владеењето на правото, човековите права и слободи, а случајот „Пуч“ и сето поврзано со него ги задира сите тие области, па Дачиќ рече дека доколку е потребно, ОБСЕ е подготвена да посредува во сето тоа за да се дојде до најдобрите можни решенија.

Министерот Попоски рече дека со Дачиќ разговарале за регионалната соработка поврзана со борците во странство, за кризата во Украина, како и за улогата на ОБСЕ во Македонија.

Дачиќ за време на својата посета на Македонија се сретна со Амбасадорот на ОБСЕ во земјата, Ралф Брет, а имаше средби и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG