Достапни линкови

Хан за РСЕ: Сè да се расчисти низ институциите


Еврокомесарот повика партиите да го решат проблемот поврзан со „Пуч“ на начин соодветен на земја кандидат за член на ЕУ. Според него работите треба да бидат правно истражени и разјаснети, а ако е неопходно да се формира и парламентарен Комитет.

Европската Комисија ги повикува сите партии да го решат проблемот во врска со последните случувања во земјава поврзани со полициската акција „Пуч“, во која еден од осомничените е и лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев. Ова го изјави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во неделното интервју за Радио Слободно Европа. Хан за време на посетата на Македонија, оствари средби со сите поважни политички чинители.

Ние ги повикуваме сите партии да го решат овој проблем. Оние кои ги имаат материјалите треба целосно да ги откријат и сите се добро советувани да ја остават работата на процедурата согласно владеење на правото и да се справат со тоа на адекватен начин, како што се очекува од земја со европска перспектива.

„Ние ги повикуваме сите партии да го решат овој проблем. Оние кои ги имаат материјалите треба целосно да ги откријат и сите се добро советувани да ја остават работата на процедурата согласно владеење на правото и да се справат со тоа на адекватен начин, како што се очекува од земја со европска перспектива.“

На прашањето како го коментира презентирањето на доказите за прислушување кои ги објави СДСМ, Хан вели дека неговата препорака е оти работите треба да бидат разјаснети.

Ова е нешто многу сериозно и уште еднаш мојата препорака е дека работите треба да бидат разјаснети и истражени од оние луѓе кои правно се задолжени за таква процедура.

„Ова е нешто многу сериозно и уште еднаш мојата препорака е дека работите треба да бидат разјаснети и истражени од оние луѓе кои правно се задолжени за таква процедура. Но, доколку е неопходно исто така треба да има, како што е вообичаено во многу земји, според политичката пракса да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот. Ова е уште една добра причина и затоа има многу смисла сите политички партии да се во Парламентот и политичкиот дијалог да се одвива во Парламентот“.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека без вклучување на меѓународната заедница нашите политички елити немаат капацитет за разрешување на политичката криза.

„Тоа го докажаа, имаа период од скоро девет месеци да дојдат до некое решение со кое би се надминала политичката криза во која се наоѓавме, наместо тоа ние влеговме во уште подлабока, така да верувам дека и посетата на Хан беше како најава дека нашите меѓународни партнери се спремни, а и потребни за надминување на кризата и изнаоѓање на начин за да се излезе од овој политички грч во кој се наоѓаме.“

Повеќе детали од интервјуто со Хан и неговите ставови за акцијата Пуч, прислушувањето, политичката криза и евроинтегративниот процес ќе имате можност да видите во недела, кога ќе го објавиме целото интервју.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG