Достапни линкови

logo-print

Заев - Незаконски прислушкувани над 20 илјaди луѓе 24/7


Заев тврди дека снимките биле добиени од вработени во македонските служби и, како што вели, зад таа операција стоеле Никола Груевски и неколку луѓе околу него.

Аудио снимки од единаесет разговори на политичари меѓу кои и на вицепремирот и министер за финансии Зоран Ставрески и неговата колешка од МВР Гордана Јанкулоска објави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој нагласи дека само во период од неколку години во Македонија незаконски се прислушувани повеќе од 20.000 граѓани.

Поднесовме кривични пријави против директорот на УБК Сашо Мијалков, против Горан Груевски раководител на Петта управа и н.н вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Заев тврди дека снимките биле добиени од вработени во македонските служби и, како што вели, зад таа операција стоеле Никола Груевски и неколку луѓе околу него.

„Поднесовме кривични пријави против директорот на УБК Сашо Мијалков, против Горан Груевски раководител на Петта управа и н.н вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. За вработените кои учествувале, но го пријавиле кривичното дело, очекуваме да се употреби член 151, став 5, од Кривичниот законик со кој овие лица се ослободуваат од гонење“, рече Заев кој додаде и дека во прилог на кривичната пријава имало повеќе од триста негови телефонски разговори снимани само за неколку дена а дека го прислушувале најмалку четири години во континуитет и тоа во приватни разговори.

​„Секој ден добивале резимеа за својот политички противник. Секој разговор, сите планови, сета комуникација, со државни пари и со целосно кришење на Уставот и сите закани во нашата земја. Вакво масовно прислушување може да спроведат само домашни државни служби“, рече Заев.

Покрај опозиционерите, лидерот на СДСМ нагласи дека биле прислушувани и новинари, бизнисмени, претсатвниците на невладиниот сектор, членовите на владата, на парламентот односно на сите повлијателни општествени структури.

„Сите биле ставени на машината, освен телефоните на Никола Груевски и Сашо Мијалков, затоа никогаш и не постои разговор меѓу нив двајцата, само ова доволно кажува кој снимал и кој прислушувал“, рече Заев.

Сите биле ставени на машината, освен телефоните на Никола Груевски и Сашо Мијалков, затоа никогаш и не постои разговор меѓу нив двајцата, само ова доволно кажува кој снимал и кој прислушувал.

Инаку презентацијата на материјалите почна со снимен разговор на новинар на Радио Слободна Европа со Заев.

Новинар на РСЕ: Добро утро Господине Заев, Мирјана од Радио Слободна Европа. Како сте?

Заев: Да, повелете.

Новинар на РСЕ: Сакав да ве прашам во врска со блок дотациите што ги дава Министерството за образование на општините. Некои општини се жалат дека тие не стигнуваат да се покријат ни основните трошоци. Можете ли да ни кажете како е во Струмица?

Покрај ова на пресот денеска беа презентирани и аудио снимки на кои се слушаат гласовите на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, на НДП Руфи Османи и на експремиерот Љубчо Георгиевски. Заев рече дека тој иопозицијата целосно ја имале изгубено довербата во правосудните органи, но, доколку Јавното обвинителство почнело независна и транспарентна истрага, тоа ќе го поздравеле. Побара од меѓународната заедница внимателно да следела`се што објавувале и очекувале активно да се вклучат во овој процес во Македонија. Најави дека во следниве денови ќе продолжат со презентирање на сите матeријали што ги поседуваат.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG