Достапни линкови

СДСМ одлучи да ја објави „бомбата“


Централниот одбор на СДСМ одлучи од понеделник да почне со објавувањето на доказите за криминали и злоупотерби на власта, коишто партискиот лидер Зоран Заев тврди дека ги има.

Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница го овласти раководството на партијата да се обелоденат доказите за, како што тврди партијата, „незаконско прислушкување на илјадници граѓани, за целосна контрола и злоупотреба на сите државни институции во партиски и изборни цели, за злоупотреба, за груби нарушувања на изборниот процес, вклучувајќи криминал и корупција во највисоките ешалони на власта“.

Во заклучоците од вечерашната седница на ЦО се наведува дека, според Уставот и законите на Република Македонија, никој нема право да го спречи објавувањето на документите.

Во партијата велат дека доказите што тврдат дека ги имаат, односно долго најавуваната бомба, ќе почнат да ги објавуваат од понеделник. Централниот одбор на СДСМ едногласно ја донел одлуката.

Не очекувам и не верувам дека ќе има забелешки на условно кажано долготрајноста или времетраењето од најавата до објавата на доказите, затоа што постојат премногу суптилни работи, мислам дека веќе секој ја има сфатено сериозноста на состојбата.

И претседателот на партијата Зоран Заев во интервју за БИРН прецизира дека штом ќе бидат донесени одлуките од почетокот на наредната недела, ќе почнат да се споделуваат доказите.

Пред одржувањето на состанокот имаше неколку опции кои според некои гласини може да се разгледуваат. Една од нив, која кружи подолго време во јавноста е можноста партијата да одлучи да се врати во собранието за од таму да се објават долго најавуваните компромитирачки материјали. Другата, пак, е дека седницата вечерва може да прерасне во расправа од дел членови поради одолговлекувањето на објавувањето на т.н. бомба.

Очекувам деновиве веќе да отпочне објавувањето на тие материјали со коишто јавноста всушност ќе види каков сè вид на прислушкувања се правеле и со што се занимавала актуелната власт, со сè, освен со чесно работење.

Инаку во одборот членуваат и некои поранешни функционери на СДСМ кои не се сметаат за блиски до актуелното раководство па заради тоа дополнителсно се отвора и можноста за несогласувања со стратегијата на Заев. Но, портпаролот Петре Шилегов ги негира ваквите опции и вели дека очекува седницата да помине без некакви проблеми.

„За враќањето во парламентот досега не станало збор на ниту еден од органите на СДСМ и вечерва немаме таква тема на дневен ред. Не очекувам и не верувам дека ќе има забелешки на условно кажано долготрајноста или времетраењето од најавата до објавата на доказите, затоа што постојат премногу суптилни работи, мислам дека веќе секој ја има сфатено сериозноста на состојбата“, вели Шилегов.

Викендов се очекува и помалите коалициски партии да одржат централни одбори на кои ќе ја потврдат одлуката за објавување на материјалите.

Новиот претседател на ЛДП, Горан Милевски, во интервју за Радио Слободна Европа што ќе го емитуваме в недела исто така најави скоро објавување на доказите за кои тврдат дека ги имаат. Тој вели дека запознаен со содржината на доказите, кои, како што додава, биле сериозни обвинувања.

„Очекувам деновиве веќе да отпочне објавувањето на тие материјали со коишто јавноста всушност ќе види каков сè вид на прислушкувања се правеле и со што се занимавала актуелната власт, со сè, освен со чесно работење“, вели Милевски.

Тој вели и дека се одолговлекувало објавувањето на т.н. бомба поради тоа што во неа имало и приватности.

„Едноставно тие материјали требаше да се прочистат и сметам дека Заев тука не направи грешка што постапи така. Не дозволи како во 2001 година новинарите да се раскараат меѓу себе за личните препирки и разговори што си ги имале, едноставно ќе се оди со материјал којшто е строго насочен со криминогеното работење на владата“, вели Милевски.

Во интервјуто тој зборува и за очекувањата по објавувањето на бомбата, односно дека, според него, власта требала да си замине, а Македонија до следните избори да ја води, како што вели, преодна влада.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG