Достапни линкови

Граѓанскиот притисок или „бомбата“ - причина за отстапките на власта?


За најавите на власта за отстапки во Законот за високо образование, Закон за хонорарци, штрајкот на СОНК, виновен е граѓанскиот притисок велат дел од аналитичарите, за другите, пак, тоа се должи на „бомбата“ на опозицијата.

Одложување и изменување на веќе усвоениот Закон за високо образование и отварање на дијалог со студентите и професорите. Преговори со наставниците за нивните барања по што се прекина штрајкот. Нови измени во Законот за придонеси на хонорарите пред најавените протести в петок. Вакви отстапки од Владата и премиерот Никола Груевски никој не очекуваше, а дел од коментарите на нашата фан страна на фејсбук се оти причината се „бомбите“ на опозицијата.

Таа „бомба“ ја слушаме веќе шест месеци, па не видов некакви драматични пресврти во однесувањето на власта. Искрено мислам дека власта попушта на граѓанскиот притисок, што е нормална и здрава работа за едно општество, така што не би не ви сакала да ги потценам ефектите на граѓанскиот притисок и да го препишувам успехот на некаква си „бомба“.

„Ги зафаќа паника, како давеник за сламка, па сега одеднаш почнаа да ни продаваат демократија.“

„Одеднаш посакаа да го слушнат гласот на народот? Што се смени за ова кратко време? Се си мислам дека ВМРО ДПМНЕ и Груевски не сакаат други непријатели сега кога жестоко го отворија фронтот со СДСМ и Заев?“

„Сега се спремни се да дадат само да се спасат и останат на власт, се дел од коментарите.“

Професорката Катерина Колозова вели дека граѓанскиот притисок е заслужен за отстапките на власта, а не најавите за бомбите на опозицијата.

Протест на хонорарците.

Протест на хонорарците.

„Таа „бомба“ ја слушаме веќе шест месеци, па не видов некакви драматични пресврти во однесувањето на власта. Искрено мислам дека власта попушта на граѓанскиот притисок, што е нормална и здрава работа за едно општество, така што не би не ви сакала да ги потценам ефектите на граѓанскиот притисок и да го препишувам успехот на некаква си „бомба“. Граѓанското движење си се избори за своите права.“

Мислам дека тие чекори се обиди да се поправи некако имиџ и да се добијат нови аргументи дека не е се така црно и свесни дека тие групи беа на праг на хомогенизација за да заеднички настапат за некои работи, мислам дека владата запрво тоа го прави.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека сето ова покажува оти Владата не е рамнодушна и постои страв што ќе се открие и затоа се обидува да си го поправи имиџот и угледот. Според него, очигледно е оти владата се обидува да ги смири овие групи на граѓани кои можат да се обединат во протестите.

„Мислам дека тие чекори се обиди да се поправи некако имиџ и да се добијат нови аргументи дека не е се така црно и свесни дека тие групи беа на праг на хомогенизација за да заеднички настапат за некои работи, мислам дека владата запрво тоа го прави.“

Според Колозова, фактот дека повеќе фронтови се отворени во истовреме и токму најавите како окупацијата на Универзитетите направиле пресврт.

„Треба да прекинеме веќе еднаш да го обесмислуваме граѓанското движење и да инсистираме дека само политичка партија може да направи сериозен притисок, значи јас тоа го отфрлам како логика, напротив би рекла дека таа „бомба“ за којашто се зборува од септември наваму, дека и опозицијата се осили да ја пушти благодарение на студентскиот притисок

Отстапките на власта не наидоа на целосно одобрување. Дел од наставниците се побунија дека не е усвоено ниту едно нивно барање. Студентите и професорите пак соопштија дека не било ништо договорено. Хонорарците ги отфрлија измените и побара нивно целосно повлекување.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG