Достапни линкови

Членовите на СОНК се чувствуваат изиграни


Дел од наставниците што штрајкуваа велат дека одлуката за прекин на штрајкот е избрзана и оти раководството на СОНК е изиграно, но синдикалниот лидер Јаким Неделков вели дека го добиле тоа што го барале.

Одложување на казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање сè додека не се постигне договор, продолжување на преговорите за висината на платите, поедноставување на Е-дневникот, поголеми плати за вработените во градинките врз основа на колективниот договор.

Значи, членството беше на готовс и ние ако имавме негативни резултати од преговорите, апсолутно ќе продолжевме со тоа што требаше да продолжиме. Воопшто не се работи за никакво незадоволство или изиграност, со оглед на тоа што членството, и ние, го добивме тоа што всушност го баравме.

Ова било договорено за време на преговорите помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука по што беше прекинат штрајкот на наставниците. Според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, членството со донесувањето на одлуката ни најмалку не е изиграно.

„Ние членството го држевме на готовс, значи ние ако кажевме дека продолжуваме да преговараме, еве има изгледи за доаѓање до соодветно решение, се плашевме да не падне моралот на членството и евентуално ако не бидат успешни преговорите, да не можевме да ја спроведеме одлуката на Советот за организирање на протести. Значи, членството беше на готовс и ние ако имавме негативни резултати од преговорите, апсолутно ќе продолжевме со тоа што требаше да продолжиме. Воопшто не се работи за никакво незадоволство или изиграност, со оглед на тоа што членството, и ние, го добивме тоа што всушност го баравме“, вели Неделков.

Еден од наставниците кои штрајкуваа во Тетово, Љатиф Исмаил, вели дека членството се чувствува предадено, бидејќи штрајкот е прекинат, а не се прифатени нивните барања.

Господинот Неделков изгледа потпишал некоја спогодба што не е прифатлива, не само за моето училиште и тетовскиот регион, туку слушам дека реагирале и Битола, Охрид, Струга, Кичево итн. Овие работи ние навистина не ги очекувавме денеска, ние очекувавме да продолжиме додека Министерството не седне да преговара реално.

„Господинот Неделков изгледа потпишал некоја спогодба што не е прифатлива, не само за моето училиште и тетовскиот регион, туку слушам дека реагирале и Битола, Охрид, Струга, Кичево итн. Овие работи ние навистина не ги очекувавме денеска, ние очекувавме да продолжиме додека Министерството не седне да преговара реално“, вели Исмаил.

И наставникот Владо Димовски вели дека вечерашната одлука на СОНК е избрзана, бидејќи е донесена без консултации и без никакво објаснување.

„Вчерашната одлука на раководството на СОНК е преизбрзана. Ова е само манипулација и залажување на просветните работници или, пак, се уплашија од притисоците на власта, ама раководство кое се плаши од притисоци не им треба на просветните работници“, вели Димовски.

Исмаил смета дека актуелното претседателство на СОНК нема ништо да реализира.

„Веројатно членството ќе повика на вонреден конгрес за промена на тие луѓе што не се стабилни и не знаат да ги бранат интересите на своите вработени. Зошто ова е направено вака, Неделков треба да даде отчет, дали имало закана, дали некој го корумпирал“, вели Исмаил.

Преговорите, според Неделков, за допрецизирање на отворените прашања ќе траат до крајот на март и одлуките ќе бидат спроведени. Мултиетничкиот синдикат на образование ја осуди одлуката за прекин на штрајкот на СОНК, бидејќи била донесена без консултација со членството и без да биде усвоено ниту едно од барањата.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG