Достапни линкови

Хонорарците со стотици прашања до власта


Стотици неодговорени прашања отвори новиот закон за придонеси за хонорарците. Тие денеска ги доставија до Министерството за труд и социјална политика. Иницијаторите на настанот велат дека со овој закон луѓето дополнително ќе осиромашат.

Со која ставка се опфаќаат хонорари кои се заработуваат надвор од државата? Колкав прилив на буџетски средства се планира да се обезбеди преку воведувањето плаќање на придонеси за хонорарите? Дали се даночи целата сума на хонорарот или има даночно ослободување? Дали има ослободување на авторски хонорар за материјални трошоци и како тоа да се евидентира?

Овие измени се противуставни и кршат редица уставни одредби и во врска со тоа ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за тој да се произнесе за уставноста на овие законски измени.“

Ова се само дел од прашањата упатени до Министерството за труд и социјална политика преку Законот за слободен пристап до информации, организиран од Иницијативата „Не за плаќање на здравствено и пензиско осигурување за хонорари. Здравко Савески од левичарското движење Солидарност вели дека воведување на обврската за плаќање придонеси за хонорарците ќе резултира со осиромашување. Според него, акцијата е поттикната од бирократските процедури кои власта не знае да ги објасни.

„Власта не сакаше да не праша дали овие законски одредби се добри или лоши, сега ние сакаме да ја прашаме власта за некои прашања да ни објасни самата. Овие измени се противуставни и кршат редица уставни одредби и во врска со тоа ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за тој да се произнесе за уставноста на овие законски измени.“

Не е првпат да се носат закони зад грбот на граѓаните, но првпат е која јавно им кажуваме – Ова веќе не може вака, мора да престане и тука сме со сите демократски средства да им покажеме дека не можат да не третираат како експеримент.

Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис вели дека законските измени за плаќање придонеси на хонорарците веќе го дале својот негативен ефект. Хонорарците се отпуштени, не се исплаќаат хонорарите, а давачките се поголеми од предвиденото.

„Не е првпат да се носат закони зад грбот на граѓаните, но првпат е која јавно им кажуваме – Ова веќе не може вака, мора да престане и тука сме со сите демократски средства да им покажеме дека не можат да не третираат како експеримент.“

Претседателот на независниот синдикат на железничари Марјан Ристевски вели дека како резултат на игнорирањето на власта биле приморани на ваков чин.

„Во парламентот има една институција пратенички прашања, ние од денеска воведуваме нов систем на прашања, тоа се граѓански прашања и во иднина ќе практикуваме вака се додека владата не ни одговара, во зависност која тема ќе ја имаме на исти начин ќе ја блокираме архивата на сите министерства и на владата.“

Тие најавија и нови протести наредниот петок, а за местото и времето дополнително ќе ја известат јавноста.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG